Директорот на Центарот за Безбедносни Истражувања, доц д-р Александар Нацев зеде активно учество на јавната дебата организирана од Европско движење во Република Македонија на тема: „Kако до поголема заштита од неовластено прислушување?“. Дебатата е во контекстот на граѓанските иницијативи за поголема демократизација на општествените процеси.
Денес ја одржавме онлајн работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“. Настанот беше организиран во соработка со Шведската Алумни Мрежа за Западен Балкан (SANWB), а со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).
Дел од настанот беа претставници од дипломатските мисии во Македонија, претставници од меѓународни организации, претставници од национални и регионални алумни организации на Шведскиот Институт, претставници од медиумите, академскиот сектор и невладиниот сектор.
На 8ми јули, Центарот за Безбедносни истражувања (ЦБИ) во Домот на културата во општина Ново Село одржа трибина на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“.
Свое обраќање на трибината имаа директорот на Центарот за безбедносни истражувања – Скопје и декан на факултетот за Детективи и криминалистика на Европски Универзитет во Скопје, проф. д-р Александар Нацев и специјалниот координатор на програмата за противтероризам на Центарот за безбедносни истражувања, Раби Седрак.
На трибината се говореше околу производството на конопот во Македонија како и за нелегалните мигранти кои што транзитираат преку нашата земја и на кој начин се перат црните пари.
Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.