Center for Security Research Настани Трибина на ЦБИ во Ново Село на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“

Трибина на ЦБИ во Ново Село на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“

На 8ми јули, Центарот за Безбедносни истражувања (ЦБИ) во Домот на културата во општина Ново Село одржа трибина на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“.

Свое обраќање на трибината имаа директорот на Центарот за безбедносни истражувања – Скопје и декан на факултетот за Детективи и криминалистика на Европски Универзитет во Скопје, проф. д-р Александар Нацев и специјалниот координатор на програмата за противтероризам на Центарот за безбедносни истражувања, Раби Седрак.

На трибината се говореше околу производството на конопот во Македонија како и за нелегалните мигранти кои што транзитираат преку нашата земја и на кој начин се перат црните пари.

Related Post

Состанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од УнгаријаСостанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија

Денес претставници од Центарот за безбедносни истражувања остварија онлајн состанок со претставници од унгарскиот Институт за стратешки и одбранбени студии, кој е дел од Националниот Универзитет за јавна служба и унгарското Министерство за одбрана. На состанокот се утврди идниот опсег на работа и заеднички настани, а беа дефинирани и конкретните заеднички области за истражување и соработка.

Конференција “НАТО после 70 години” во БерлинКонференција “НАТО после 70 години” во Берлин

Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше на конференцијата “НАТО после 70 години”. Корисни дискусии и обраќање на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Гостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија Алфа

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за најновото рангирање на светските армиии на Global Firepower, за АРМ, за одбраната и за скандалот со НАТО безбедносните сертификати.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк: