Гостување на Директорот на ЦБИ на радио „Лидер“Гостување на Директорот на ЦБИ на радио „Лидер“



Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ на радио „Лидер“, во која зборуваше за најновите политички слуувања на домашната и меѓународната политичка сцена, безбедносната состојба во Македонија и во странство, и за можниот развој на геополитичките последици од некои од глобалните конфликти.

Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)



Директорот на #ЦБИ учествуваше на Warsaw Security Forum – Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржa во полската престолнина. На форумот учествуваа голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.

ЦБИ беше дел од истражувачки проект за справување со сајбер насилствоЦБИ беше дел од истражувачки проект за справување со сајбер насилство



Раководителот на Секторот за полициски истражувања во Центарот за безбедносни истражувања м-р Оливер Ристески, беше еден од истражувачите во овој проект, и даде свој осврт на справувањето со сајбер насилството во Македонија. Истражувањето кое се однесува на сајбер насилството, беше спроведено во рамки на проект поддржан од WEASA (Warsaw Euro Atlantic Summer Academy).

Целото истражување можете да го пронајдете на следниот линк:

https://www.weasa.org/wp-content/uploads/2021/02/Research-on-cyber-stalking-in-North-Macedonia-and-Serbia.pdf

ЦБИ ја оддржа Годишната конвенција по повод 5 години од основањетоЦБИ ја оддржа Годишната конвенција по повод 5 години од основањето



По повод пет години од основањето на Центарот за безбедносни истражувања, на 21ви мај го одбележавме овој значаен јубилеј со организација на Годишна конвенција. На конвенцијата беа присутни претставници од државните органи, претставници од странските дипломатски претставништва, градоначалници, пратеници, претставници на невладини организации и експерти. На сите кои дојдоа им благодариме за присуство и за укажаната чест и почит!

Колумна на м-р Александар Трајковски – „Анализа на карактеристиките на левичарскиот и десничарскиот тероризам“Колумна на м-р Александар Трајковски – „Анализа на карактеристиките на левичарскиот и десничарскиот тероризам“



м-р Александар Трајковски

Несомнено е дека идеологиите, како такви, отсекогаш имале енормно и пресудно влијание во историјата на човекот. Како резултат на тоа, истите директно и/или индиректно ги предопределуваат конструктивните или деструктивните акции кои (ќе) ги презема човекот. Со други зборови, идеологиите претставуваат моќна и клучна алатка! Алатка која има огромен потенцијал да влијае како стимулациски механизам, односно да го придвижува и определува правецот на движење на човештвото и неговите креации (државите, монархиите, кнежевствата, покраините итн.).Меѓутоа,во контекст на ова, идеологиите со нивното влијание не ги одминаа дури ни на терористичките организации и терористите-поединци, па дури ни на суверените државни актери кои јавно и/или прикриено го поддржуваат, спонзорираат или, пак, имплементираат тероризмот на домашен терен и/или во меѓународни рамки.

            Левичарскиот тероризам (ултралевичарскиот, квазиреволуционерниот, „црвениот“ тероризам) својот голем подем го доживува во седумдесеттите години на 20 век, а во почетокот на 21 век тој е речиси минато. Идеологијата на левичарските терористи е под силно влијание на марксизмот и на други социјалистички и комунистички мисли. Па според тоа, тој во литературата може да се препознае и под термините:„марксистичко-ленинистички“, „револуционерен“ тероризамитн. Како еден од факторите на борбено загрозување, тој не може реално да ја загрози безбедноста на една држава на генерален план, но може да и создаде големи проблеми, да загрози бројни човечки животи и уништи значајни материјални добра. Левичарските терористи настојуваат да целат на згради и владини структури, кои го претставуваат капитализмот, или да изведуваат атентати на претседатели на влади и капиталисти. Најчесто со една и единствена намера, а тоа е насилна смена на постоечките (главно „капиталистичките“) демократии и политики во државите со етаблирање на „нови влади“ кои ќе владеат, односно функционираат исклучиво на социјалистичка, комунистичка, марксистичка, марксистичко-ленинистичка, маоистичка, пролетеријатска,работничка (народна)или друг облик на истородна основа, или, пак, ќе претставуваат еден своевиден микс (од сите или дел) од претходно споменатите, а во коишто главен акцент, пред се, ќе биде ставен на пролетеријатите и/или на работничките класи.Современиот квазиреволуционерен тероризам има потреба идеолошки да се базира и на анархизмот, најчесто заради проценката дека револуцијата во Западна Европа невозможно е да се изведе според марксистичките „обрасци“, а тоа го потврдува крахот на социјализмот во светот. Сосема е разбирливо дека анархизмот заради стратегиите на директните акции им одговарал на сите левичарски групи и организации во Западна Европа кои, зарадиволунтаризмот и нетрпеливоста, се определувале за патеките на индивидуално политичко насилство, без обврската да се потпираат на масите, како и патеките кои треба да доведат до општествена револуција.

(more…)

Гостување на директорот Нацев во емисијата „Заспиј ако можеш“ ТВ АлфаГостување на директорот Нацев во емисијата „Заспиј ако можеш“ ТВ Алфа



Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, во која зборуваше за случувањата во Украина, за можниот развој на настаните и за геополитичките последици од овој конфликт.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=moqB25yQqlU&t=149s

Делегација на ЦБИ оствари работна посета на БриселДелегација на ЦБИ оствари работна посета на Брисел



Делегација на ЦБИ во периодот од 7ми до 11ти февруари 2022ра година, оствари работна посета на Брисел. При посетата, беа остварени средби и состаноци со претставници на Европската служба за надворешно дејствување, Европската одбранбена агенција, Европскиот одбранбен и безбедносен колеџ, како и со неколку европратеници.

ЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во БудимпештаЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во Будимпешта



Центарот за безбедносни истражувања учествуваше со свој тим на симулациската вежба за сајбер безбедност, во организација на групацијата MeOut. Вежбата се одржа во периодот од 11ти до 14ти ноември во Будимпешта, и вклучуваше тимови од сите држави од Западен Балкан и од В4 групата на држави. Тимот, кој беше предводен од директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев, одлично се претстави на вежбата, а потврдени беа и заложбите за понатамошна соработка на меѓународно ниво со присутните партнерски организации.

Предавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во БелградПредавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во Белград



Претставникот на ЦБИ, г-дин Раби Седрак, на покана на Институтот за европски студии во Белград, одржа предавање на тема „Импликациите на кризата во Авганистан за европската безбедност – талибанците наспроти ИСИС“. Настанот беше организиран од страна на реномираните професори д-р Миша Ѓурковиќ и д-р Стеван Гајиќ.

ЦБИ учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава 2021ЦБИ учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава 2021



Делегација на #ЦБИ, составена од директорот д-р Александар Нацев и заменик директорот Јане Јанчески учествува на Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржува денес и утре во полската престолнина. На форумот учествуваат голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.