Author: csr-editor

ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC2ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC2



Денес во организација на #ЦБИ и Македонската Спортска Стрелачка Федерација, се одржа семинарот P-SEC2, во кој беше опфатена обука на учесниците во делот на ракување и стрелање со пиштол и со полуавтоматска пушка. Обуката беше динамична, одлично конципирана и сите учесници ќе добијат сертификати за успешно завршен семинар.

Заеднички настан на ЦБИ и Институтот за стратешки и одбранбени студии од УнгаријаЗаеднички настан на ЦБИ и Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија



Денес се одржа првата сесија од новиот заеднички безбедносен програм помеѓу Центарот за безбедносни истражувања и Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија. На настанот се дискутираше за процесот на радикализација во Западниот Балкан и се постави патоказот кон креирање на нова и соодветна програма за дерадикализација, која ќе биде специфично дизајнирана за да се справи со прашањето на борците повратници од Ирак и Сирија во земјите од Западниот Балкан, со што ќе се даде придонес кон европската и меѓународната безбедност.

Анализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на БалканотАнализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на Балканот



Турската влада ги исцрпи сите алатки на нејзината надворешна политика и ја продлабочи зависноста на земјата од западните сили. Турција не беше во можност да ја искористи глобалната трансформација, која најавува постоење на различни нови играчи. Наместо тоа, таа стана, економски и стратешки позависна од Западот, а особено од САД.

Турција периодов ја изгуби својата шанса за стратешка автономија, а исто така ја изгуби можноста за поголемо влијание и наметнување на своето гледиште во регионот. Турција доживеа противречности во нејзината надворешна политика, за прв пат во нејзината историја, особено во последните десет години. Партијата за правда и развој му претстави на светот контрадикторна слика за нејзината најавена надворешна политика. Ги изгуби пријателите кои ја обвинија за тиранија и експанзија, се дистанцираше самата од сојузниците и соочена со соседите, Турција стана дел од скоро сите кризи на Блискиот исток.

(more…)

ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC1ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC1



Денес во организација на #ЦБИ и клубот The Strongest Aerodrom се одржа семинарот P-SEC1, во кој беше опфатена обука на учесниците во делот на заштита на лица, блиска борба и гаѓање со воздушна пушка. Обуката беше динамична, одлично конципирана и сите учесници на крајот добија сертификати за успешно завршен семинар.Во наредниот период, ќе се одржи и вториот семинар, P-SEC2, кој ќе вклучува обука и гаѓање со огнено оружје.

Гостување на г-дин Седрак во утринската емисија на Радио „Лидер“Гостување на г-дин Седрак во утринската емисија на Радио „Лидер“



Раби В. Седрак, специјалниот советник за антитероризам на Центарот за безбедносни истражувања, гостуваше на радио „Лидер“ и објасни што точно се случува во судирите меѓу Израел и Палестинците во Ерусалим, а даде своја анализа и за военот конфликт во појасот Газа, каде што во изминатите неколку дена беа повредени стотици луѓе.


Погледнете го целото гостување на следниов линк:

https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/288486776271469

Состанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од УнгаријаСостанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија



Денес претставници од Центарот за безбедносни истражувања остварија онлајн состанок со претставници од унгарскиот Институт за стратешки и одбранбени студии, кој е дел од Националниот Универзитет за јавна служба и унгарското Министерство за одбрана. На состанокот се утврди идниот опсег на работа и заеднички настани, а беа дефинирани и конкретните заеднички области за истражување и соработка.

ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“



Денес ја одржавме онлајн работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“. Настанот беше организиран во соработка со Шведската Алумни Мрежа за Западен Балкан (SANWB), а со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).

Дел од настанот беа претставници од дипломатските мисии во Македонија, претставници од меѓународни организации, претставници од национални и регионални алумни организации на Шведскиот Институт, претставници од медиумите, академскиот сектор и невладиниот сектор.

Пораст на криминалното однесување кај децатаПораст на криминалното однесување кај децата



Тамара Митковска, Центар за безбедносни истражувања

Кога пред себе имате сторител на кривично дело со старост од 14 до 18 години, пред себе воедно имате и примарна жртва. Жртва која системот, родителите им нанеле нешто лошо, а вие не сте реагирале на време.

Согласно категориите деца што подлежат на кривична одговорност, дете во судир со законот од 14 до 16 години е секое дете кое во времето на извршување на дејствието со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор над три години наполнило 14, а не наполнило 16 години. Дете во судир со закон над 16 години е секое дете кое во времето на извршување на дејствието со закон предвидено како кривично дело за кое е утврдена казна затвор над три години наполнило 16 години, а не наполнило 18 години.

Во оваа група спаѓаат всушност двете старосни категории деца кои со поранешната терминологија беа означувани како „помлади малолетници“ и како „постари малолетници“. Суштината на кривичната одговорност останува иста, а само е прифатена нова терминологија, со една важна разлика во однос на кривична одговорност само за потешки кривични дела казниви со затвор над три години, бидејќи за полесните се применува начелото на целесообразност и истите се третираат како деца во ризик.

(more…)

НАТО и Кина – релација која допрва ќе се развиваНАТО и Кина – релација која допрва ќе се развива



доц д-р Александар Нацев, Извршен Директор на ЦБИ

На состанокот на НАТО во формат Шефови на држави и влади, одржан во Лондон во декември 2019та година, лидерите на земјите членки побараа од Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да стартува еден процес кој треба да даде визија за иднината на НАТО и за зајакнување на политичката димензија на Алијансата. За да ја оствари оваа цел, во април 2020та година, Генералниот Секретар на НАТО формираше независна Истражувачка Група, и ја задолжи Групата да му достави препораки за неколку области, кои се круцијални за НАТО и неговото постоење. По екстензивни консултации во и надвор од НАТО, со кои беа опфатени научници, лидери од бизнис и технолошкиот сектор, пратеници, воени претставници и владини претставници од сите 30 земји членки, најголемиот дел на земјите партнери, и бројни меѓународни институции, Групата му го презентираше на Генералниот Секретар својот финален извештај, насловен НАТО 2030: Обединети за нова ера.

Одредени извадоци од овој извештај, кои беа претставени во светските медиуми, беа фокусирани на Кина, држава за која НАТО Алијансата немаше формални дискусии до пред една година. Во една своја дискусија за Извештајот НАТО 2030, поранешниот американски дипломат Вес Мичел, кој беше и еден од ко-претседавачите на Истражувачката група, ќе изјави „Русија останува примарната воена закана за Алијансата во догледна иднина, но подемот на Кина во овој момент е најголемата и најважна промена во стратешката околина на НАТО и претставува нешто на што Алијансата мора да се посвети“. Во Извештајот, Групата ја советува Алијансата „да посвети многу повеќе време, политички ресурси и акција во однос на безбедносните предизвици кои доаѓаат од Кина“.

(more…)

Интервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот доменИнтервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот домен



САРИСА: Г-дине Јанчески, кажете ни малку повеќе за себе и за Вашата организација

ЈЈ: Најпрво да Ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и да ги поздравам Вашите читатели. Јас сум Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), и еден од основачите на нашата невладина организација, која ја регистриравме во 2017 година. Првичната идеја околу формирањето на ЦБИ беше да изградиме една платформа за истражување на безбедносните појави, која ќе обедини на едно место практичари и теоретичари од доменот на безбедноста и одбраната, и која ќе го пополни вакуумот во граѓанскиот сектор кога се во прашање конкретно безбедноста и одбраната.

САРИСА: Дали успеавте во Вашата замисла и каква е моменталната состојба во ЦБИ?

ЈЈ: Јас овде ќе дадам еден прилично нескромен одговор и ќе кажам дека успеавме во нашата замисла. Доколку се погледне составот на тимот кој е вклучен во ЦБИ, ќе се види дека таму имаме еден микс од луѓе кои оставиле свој печат преку своето работно искуство во разни институции, како на пример АРМ, МВР, ДБКИ, ДЗС и други институции, имаме луѓе кои доаѓаат од академската сфера, а успеавме да допреме и до помладите генерации и да анимираме студенти кои студираат на студиски програми кои се поврзани со одбраната и безбедноста.

(more…)