Центарот за безбедносни истражувања со свој претставник учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим, организирана од нашите партнери NATO College Foundation. ЦБИ беше единствената (владина или невладина) организација од Република Македонија која доби покана да номинира свои претставници/панелисти на оваа престижна конференција.
Нашиот претставник, г-динот Раби Седрак, зборуваше на панелот кој беше посветен на безбедносните закани предизвикани од не-државни актери.