Center for Security Research Колумни Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“

Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“

Прашањето кое е содржано во насловот е поврзано со преносот на терористите од Сирија и Либија до Авганистан, мисија за која што е потребна експертска и доверлива страна што ќе може да ја заврши оваа задача преку аеродромот на Кабул.

Повеќето држави околу оваа геостратешки важна земја, со внимателна загриженост гледаат кон авганистанската ситуација по чудното повлекување на Американците. На тоа се надоврзуваат неконтролираните реперкусии што може да се појават, по брзото проширување на „Талибанците“ (на повеќе од 85% од територијата).

Во исто време, сите го следат барањето на САД до Анкара, за распоредување на воени единици за обезбедувањето на аеродромот во главниот град Кабул. Додека Турција се согласи на мисијата и се подготвуваше за изведување на операцијата, Талибанците обзнанија дека се спротивставуваат на овој потег, не заради нивниот анти-турски став, туку поради анти-американски сентимент. Движењето Талибан  со сомнеж гледа кон турското присуство на аеродромот кое доаѓа по американско барање или желба.

Вистина е дека Вашингтон беше подготвен за повлекување на повеќето од своите воени единици, и порано отколку што утврди при донесувањето на одлуката за напуштање на Авганистан. Сепај, на терен Америка зад себе остави  огромна дипломатска мисија и сосема доволно безбедносно-воени единици за да ја заштити не само во областа на американската амбасада внатре во Кабул, туку и во движењата на дипломатската мисија, која неизбежно ќе биде поактивна, можеби повеќе од порано, за да се покрие празнината од повлекувањето. Се чини дека Вашингтон ќе има силна и  активна политичко-дипломатска улога во Авганистан и со трети страни кои се занимаваат со авганистанското досие.

Врз основа на горенаведените факти, на Американците не би им било воопшто тешко директно да ја преземат безбедноста и заштитата на аеродромот, особено затоа што тие имаат можност да интервенираат од нивните бази кои се во близина на Авганистан: Грузија, Персискиот залив или пак од северниот Индиски Океан.

Исто така е изненадувачки што американското воено, безбедносно и разузнавачко присуство дваесет години во Авганистан беше испреплетено со директна грижа, заштита, обука и вооружување на илјадници авганистански војници и нивно опремување со најновото американско оружје и војска способности. Денес, на истите тие (стотини илијади) војници Вашингтон им вели: Авганистанските сили немаат доволно капацитет да го заштитите вашиот аеродром и ќе бараме од Турците да го заштитат, и тоа со само 500 војници и офицери.

Можеби пак, Вашингтон имал одредено претходно знаење дека ‘‘талибанците‘‘ ќе го преземат целиот Авганистан соссе главниот град и аеродромот. во овој случај, на аеродромот ќе му треба некоја посебна заштита која треба да биде политички и верски ‘‘прифатена‘‘ од страната на движењето „Талибанци“. Во вовментоц, само Турците може да ги исполнува овие услови.

Точно е дека Вашингтон ги изненади светските и регионални сили со своето ненадејно мистериозно повлекување од Авганистан, во смисла на брзина и погрешното време. Да не збориваме што и ваквата бркотница доаѓа во услови на неверојатна експанзија на „Талибанците”, Но очигледно е дека и властите во Вашингтон беа изненадени од позицијата на движењето ,,Талибанци” кон соседните земји. Конкретно нивниот однос со тројката што Вашингтон ја насочува со повлекување (Кина, Русија и Иран), со негодување гледа оваа позиција на „Талибанците“. Во оваа насока треба да го разбереме стравот на трите споменати земји од какви било реперкусии што можат да се појават на надворешните граници од Авганистан. Ова прашање е неизбежно поврзано со погледот на трите земји кон легитимитетот на сегашниот авторитет (власт) кој е американски ориентирана.

Така, Вашингтон се повлече и виде како ,,Талибанците‘‘ се обратија кон Русија, Кина и Иран. Како што изгледа, движењето е искрено и сака добри односи со трите земји. Затоа, претседателот Бајден се разгневи на оваа ситуација. Америка се надеваше или очекуваше иранско-талабанскиот спор и судир, врз секташка или историска гранична позадина, тој не се случи. Напротив, Техеран брзо демонстрираше мудра стратегија за реално справување со сегашното силно влијание на движењето и се очекува дека ќе биде посилната страна во овој конфликт.

Делегациите на „Талибан“ во Москва – и покрај фактот дека движењето е забрането во Русија – беа примени од државници, и за сите заеднички прашања беа срдечно разговарани, Официјалните лица на движењето беа искрени и смели во презентирањето на нивните барања и своите заложби. Што се однесува до Кина, набудувачите не доцнеа во нагласувањето на кинеската позиција за поддршка на движењето „Талибан“.

Оттука доаѓа американскиот маневар Турција да ја преземе заштитата на аеродромот во Кабул. Целта е да се обезбеди олеснет трансфер од милитантите во правец кон авганистанската внатрешност и на оние кои не се согласуваат со „Талибанците“ и имаат долгогодишно искуство во поттикнување бунт, извршување терористички акти и создавање смртоносен хаос внатре во Авганистан или надвор од нејзините граници. Турција има долга историја на транспорт и грижа за такви лица. Таа е секако одговорна за внесување терористи во Сирија и нивно згрижување. Која друга држава, освен Турција, ја поседува целата граница северна граница на Сирија, и е‘ поврзана преку копно, воздух и море со европските земји и поранешниот Советски сојуз!? Кои беа главен извори на навлегување странски терористи во Сирија!? Анкара поседува адекватна разузнавачката инфраструктура да се справи со сирискиот ентериер! Исто така, меѓународно и регионално е документирано дека Турција е одговорна за внесувањето на терористите во Либија.

Доколку постои меѓународна одлука што побрзо може да става крај на странското присуство во Либија, природно е дека приоритетот ќе биде повлекувањето на терористите или милитантите. Ако Русија притиска да се стави крај на ситуацијата во северна Сирија по претседателските избори, со механизми и на мека и на цврста моќ, тогаш за Анкара се јавува проблемот како да се врати најголемиот дел од овие терористи во Сирија, откако ги пренесе во Либија.

Ако маневрот на Американците е сè уште ист; што е создавање на екстремистички групи, или искористување на тие кои остана од нив, или преку пренесување на такви групи во таргетираните области, и ако географијата на Авганистан не е поврзана од копно и море со Либија… веќе нема начин да се пренесат терористите и милитантите од Либија во Авганистан, освен преку авиони, а особено преку аеродромот на Кабул, кој сè уште е скоро под контрола на авганистанската влада.

Кој друг, освен Анкара, во овој контексте  подготвен да ги спроведе желбите на Американците ?

Искуството од Сирија докажува дека владата Анкара е најсоодветен и верен ‘подизведувач‘ на американските планови, и тоа преку нејзините воено-разузнавачки единици, кои сега ќе го преземат аеродромот во Кабул. Но, како и обично, Турција ќе продолжи со своите медиумски и политички кампањи против Американците, за да покаже дека не зависи од американските одлуки и не е подредена на американската игра.

Анализата е оригинално објавена за herald.mk.

Related Post

Една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИСЕдна од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС

д-р Александар Нацев

Последното апсење на осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“ во Скопје и Куманово, повторно го актуелизираше прашањето дали Македонија е безбедна во поглед на организирано терористичко дејствување или сме „лесна мета“ за припадниците на терористичките групи. Зачестените апсења на лица за кои постои сомнение/докази дека биле дел од терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, како на пример оние во 2018 година кога беа уапсени седум лица, па потоа следуваше и апсење на три лица во септември 2020 година, кога беше запленето поголемо количество оружје, муниција и опрема, меѓу кои и самоубиствени експлозивни појаси, укажуваат на тоа дека Македонија треба да му пристапи сериозно на овој безбедносен предизвик и националните безбедносни служби да ги насочат своите капацитети и ресурси во справувањето со оваа специфична безбедносна закана.

(more…)

Балканската рута и транспортот на наркотици во западна ЕвропаБалканската рута и транспортот на наркотици во западна Европа

м-р Оливер Ристески

Балканскиот полуостров претставува раскрсница за нелегалната трговија со наркотици. Неговата местоположба претставува “мост” за копнената рута која ја поврзува западна Европа со источна Азија, како најголем светски производител на наркотичната дрога хероин. Тука се вкрстуваат сите патишта за транспорт по копно на хероин од Авганистан до западна Европа. Преку пристаништата во Албанија (Драч) и Црна Гора (Бар) се врши транспортот по вода на кокаинот кој што доаѓа од Латинска Америка и преку земјите од балканскиот полуостров се дистрибуира до западна Европа, а дел останува тука и во регионот.

Според извештајот на ЕУ за проценка на закани за сериозен и организиран криминал, (Serious And Organised Crime Threat Assessment – SOCTA), Албанија претставува најголем производител на марихуана во Европа, а Мароко е најголем производител на хашиш, кој енаменет за Европа. Поголемиот дел од албанската марихуана се дистрибуира преку балканската рута по копно во западна Европа, а помал дел од оваа дрога е наменет за земјите од регионот. Според овој извештај вредноста од бизнисот со дрога изнесува најмалку 24 милијарди евра на годишно ниво.

(more…)

Влијанието на медиумите врз изборите во САД и во ЕвропаВлијанието на медиумите врз изборите во САД и во Европа

Тамара Митковска

Општеството можеме да процениме дали е демократско или не во зависност од медиумите кои се присутни во него. Правото на слободно изразување во јавноста е нешто кое е неопходно за правилно функционирање на едно современо, демократско општество. Токму ова право најмногу се изразува преку медиумите и затоа кога се интересираме за тоа дали едно уредување е демократско или не, треба да го погледнеме начинот на работа на медиумите. Во некои држави медиумите имаат целосна слобода во говорот и во статиите кои ги пишуваат, додека во некои други држави, она кое го објавуваат медиумите е диктирано од страна на некоја партија, а можеби и самиот медиум е создаден за потребите на партијата и на крај ја имаме третата категорија на медиуми, оние кои се приморани да пишуваат во полза на власта за да избегнат казни или прогонство. Третата категорија не е присутна во демократските општества како што се САД и државите во Европа, па заради тоа повеќе ќе се сконцентрирам на првите две. Медиумите имаат за цел да ги информираат граѓаните за тоа што се случува на политичката сцена и да ги информираат актерите за желбите и ставовите на граѓаните. Тука јасно може да ја увидиме важната улога на медиумите за време на изборите и изборните кампањи.

(more…)