Center for Security Research Настани Центарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоење

Центарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоење

На 2ри Септември, со свечена прослава во Скопје свечено беше одбележана четвртата годишнина од формирањето на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ). Во присуство на членовите на ЦБИ, голем број на гости, партнерски организации, лица од бизнис секторот и од јавниот живот, раководството на ЦБИ ги презентираше резултатите од досегашната работа, како и плановите за идниот раст и развој на организацијата.

Настанот со свое обраќање го отвори заменик директорот на ЦБИ, Јане Јанчески, кој даде една ретроспектива на самите почетоци на функционирање на организацијата, предизвиците со кои се соочи организацијата, начинот на функционирање и организационата поставеност на ЦБИ.

Вториот говорник, Мартин Стојановски, Советник за надворешни односи и соработка во ЦБИ, се осврна на остварената меѓународна соработка во последните години, партнерствата со институции од земјата и од странство, и на одржаните семинари, работилници и конференции во организација на ЦБИ.

Настанот со свое обраќање го затвори Директорот на ЦБИ, доц, д-р Александар Нацев, кој направи краток рекапитулар на функционирањето на ЦБИ во изминатите 4 години, и ги претстави идните планови на организацијата и насоката во која ќе се движи Центарот.

Related Post

Официјална работна посета на Косовскиот центар за безбедносни студииОфицијална работна посета на Косовскиот центар за безбедносни студии

Делегација на Центарот за безбедносни истражувања, во состав д-р Александар Нацев – директор на ЦБИ, Јане Јанчески – заменик директор, Мартин Стојановски – советник за надворешна соработка и Раби Седрак – советник за противтероризам, денес во Приштина оствари работна средба со претставници од Косовскиот центар за безбедносни студии, на која се дискутираше за идна соработка и заеднички програми кои ќе се фокусираат на безбедносните проблеми кои доаѓаат од илегалната имиграција и борците повратници во Европа.

Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на „Радио Лидер“, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталните односи на релација Република Македонија и НАТО, скандалот со безбедносните сертификати, состојбата во Армијата на Република Македонија, како и работата на Министерството за внатрешни работи.

Интервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот доменИнтервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот домен

САРИСА: Г-дине Јанчески, кажете ни малку повеќе за себе и за Вашата организација

ЈЈ: Најпрво да Ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и да ги поздравам Вашите читатели. Јас сум Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), и еден од основачите на нашата невладина организација, која ја регистриравме во 2017 година. Првичната идеја околу формирањето на ЦБИ беше да изградиме една платформа за истражување на безбедносните појави, која ќе обедини на едно место практичари и теоретичари од доменот на безбедноста и одбраната, и која ќе го пополни вакуумот во граѓанскиот сектор кога се во прашање конкретно безбедноста и одбраната.

САРИСА: Дали успеавте во Вашата замисла и каква е моменталната состојба во ЦБИ?

ЈЈ: Јас овде ќе дадам еден прилично нескромен одговор и ќе кажам дека успеавме во нашата замисла. Доколку се погледне составот на тимот кој е вклучен во ЦБИ, ќе се види дека таму имаме еден микс од луѓе кои оставиле свој печат преку своето работно искуство во разни институции, како на пример АРМ, МВР, ДБКИ, ДЗС и други институции, имаме луѓе кои доаѓаат од академската сфера, а успеавме да допреме и до помладите генерации и да анимираме студенти кои студираат на студиски програми кои се поврзани со одбраната и безбедноста.

(more…)