Center for Security Research Настани ЦБИ учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим

ЦБИ учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим

Центарот за безбедносни истражувања со свој претставник учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим, организирана од нашите партнери NATO College Foundation. ЦБИ беше единствената (владина или невладина) организација од Република Македонија која доби покана да номинира свои претставници/панелисти на оваа престижна конференција.

Нашиот претставник, г-динот Раби Седрак, зборуваше на панелот кој беше посветен на безбедносните закани предизвикани од не-државни актери.

Related Post

ЦБИ ја одржа работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”ЦБИ ја одржа работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”

Центарот за безбедносни истражувања вчера ја организираше работилницата насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која се одржа во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата се осврна на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

(more…)

Учество на Првата сесија на Работната група 4Учество на Првата сесија на Работната група 4

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, што се одржа на 29 март 2018 година во Собранието на Република Македонија, на тема „Воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“.