Center for Security Research Колумни Македонските затвори во улога на „Safe Haven” за терористи

Македонските затвори во улога на „Safe Haven” за терористи

м-р Бојан Христовски

Во текот на последната деценија светот се соочи со нов облик на тероризам чијашто идеологија произлезе од воените дејствија во Ирак и Сирија, првенствено во организација или со поддршка на терористичката организација ИСИС. Во налетот на тероризмот настрадаа дури и најсилните и најбезбедните европски центри. Имено, голем број европски метрополи беа мета на терористите, при што се истакнува дека во периодот 2014 – 2017 година во земји членки на ЕУ биле изведени дури 56 терористички напади во кои животот го загубиле 381 лице. Карактеристично за нападите е тоа што тие биле насочени кон таканаречени „меки цели“, односно без предупредување биле напаѓани невооружени цивили на фреквентни локации. Генерално, сите акти на тероризам во Европа биле организирани  или произлегле од актерите и поддржувачите на „Исламска Држава“, односно лица повратници од Сирија и Ирак или лица кои биле во непосреден контакт со нив.

Како извршители на терористички напади се истакнуваат и лица кои веќе издржувале затворска казна за активности во паравоената „ИСИС“ или други дејствија од позиции на насилен екстремизам и тероризам. На почетокот на ноември 2020 година, бевме сведоци на токму таков пример,  кога австрискиот државјанин со македонско-албанско потекло Кујтим Фејзулаи изврши терористички напад во Виена, под мотото „Исламската Држава останува и се шири“. Имено, тој претходно веќе издржувал затворска казна за обид за приклучување кон паравоената „Исламска Држава“.

Засегнатите држави, односно оние од каде што потекнуваат „странските борци“ и поддржувачите на антизападната политичко-идеолошка идеја на таканаречената „Исламска Држава“, а во насока на борба против тероризмот и сузбивање на насилниот екстремизам, беа принудени да извршат промени во нивното дејствување, преку носење на нови безбедносни стратегии, нови законски решенија како и планови и програми за рехабилитација и реинтеграција на терористи. Имено, покрај останатите субјекти надлежни за борба против тероризам и сузбивање на насилен екстремизам, голем дел од товарот го презедоа казнено-поправните установи, со што тие се соочија со нов и реален предизвик, а тоа е ресоцијализација на една релативно нова и специфична категорија на осудени лица. Покрај самиот процес на ресоцијализација кој треба да содржи и процес на дерадикализација и исклучување на насилство како метод, казнено-поправните установи се соочуваат и со предизвик во однос на сузбивање на радикализација помеѓу осудените лица. Опасноста од радикализацијата во затворите би ја истакнале преку случајот со германскиот државјанин со македонско потекло Филан Митрев кој во ноември 2019 година, заедно со уште 2 лица бил приведен, а подоцна и обвинет за подготовка на самоубиствен терористички напад во името на „Исламска Држава“. Карактеристично за овој случај е тоа што истиот претходно издржувал затворска казна, но не за тероризам туку за изнуда и физички напади. Во затворот, тој „го пронашол патот до верата“, преминал во ислам, се радикализирал и воедно станал поборник на „Исламската Држава“.

Република Македонија како дел од Глобалната коалиција за борба против тероризмот, заложувајќи се за побезбедно општество за сите, во изминатиот период  спроведе повеќе акции и тоа „Ќелија“ (2015, 2016), приведување на седум лица повратници од Сирија во соработка со меѓународни партнери (2018), како и последните две антитерористички акции во кои во два наврата (август и декември, 2020) беа приведени вкупно 11 лица под сомнение дека биле здружени во терористичка организација со цел реализација на терористички напади во земјава. Неколку десетици од овие лица веќе се соочиле со затворски казни, а останатите се во тековен кривично-правен процес.

Во однос на специфичната ресоцијализација на овие лица, која е повеќе од неопходна, би потенцирале дека во македонските затвори сè уште не се спроведува програма за дерадикализација. Како можна последица од тоа би го истакнале фактот дека дури 5 од вкупно 11 лица кои се приведени во последните 2 полициски акции, се всушност рецидивисти, т.е. лица кои и претходно биле учесници во терористички активности. Имено, дури 4 од нив, меѓу кои и лидерот на оваа 11-члена група, веќе издржувале затворски казни после акциите „Ќелија“, а еден од нив, иако се борел на боиштата во Сирија, досега не бил осуден. Се истакнува и тоа дека еден од рецидивистите, за време на издржувањето на затворската казна, бил проценет т.е. под третман со ризик од рецидивизам „многу низок ризик“, што само по себе укажува на слабост во пенитенцијарниот систем, како значајна и незаобиколна алка на безбедносниот систем во целина. Оттука се поставува прашањето уште колку полициски акции за спречување на тероризам ќе изведеме и во нив повторно ќе ги приведуваме „истите“ терористи. Дали секогаш ќе имаме среќа, која, за жал ја немаа многу земји членки на Европската унија и нивните граѓани?

Преку оваа кратка анализа може да се заклучи дека тероризмот, односно насилниот екстремизам не може да се сузбие единствено со кривично-правен прогон, доколку нема соодветни затворски програми за рехабилитација (дерадикализација, исклучување од насилство), како и ефикасен постпенален третман со цел успешна општествена реинтеграција на поранешните осудени лица. Исто така, тероризмот како највисок стадиум на насилниот екстремизам, потребно е да се идентификува, третира и сузбие во најраната фаза, а за тоа неопходно е колективно учество на сите општествени чинители. Во таа насока, за најсоодветен крај на овој мој мал општествен придонес за овој голем безбедносен предизвик би го одвоил цитатот на Малала Јусуфзај „With guns you can kill terrorists, with education you can kill terrorism“.

The metabolites also have other concurrent mental or physical dependence. cialis View this post on Instagram.

Related Post

Обезбедена или необезбедена безбедност -За потребата од безбедносна проценкаОбезбедена или необезбедена безбедност -За потребата од безбедносна проценка

Дарко Мирчески

Прекршувањата на правилата и споровите меѓу луѓето секогаш постоеле и ќе постојат, а судот е органот што одлучува за правдата во такви ситуации. Судот е институција која според принципот на поделба на власта, ја извршува судската власт. По својата природа на делување, секојдневно се наоѓа во ситуација да прима и услужи голема фреквенција на странки, вклучувајќи престапници и сторители на потешки кривични дела. Со цел заштита на имотот, редот и мирот, како и животите на сите присутни, е воведена посебна служба која се грижи за целокупната безбедност, наречена судска полиција.

(more…)

За стратегијата и политичкиот интелектЗа стратегијата и политичкиот интелект

Александар Нацев

Современото политичко дејствување мора да се прилагоди на начините на функционирање на современите општества и интерните динамики на тие општества, со цел да одговори на променливите предизвици кои се поставуваат пред секоја организирана политичка групација (политичка партија, политичко движење и сл.). Оваа теза веќе нашироко се апсолвира во најсилните светски држави и детално се разработува, за што сведочи и појавата на терминот политичко војување (political warfare). Самиот овој термин претставува продолжување на низата на класификација на различните видови на водење војна, која се води во различни домени (хибридно војување, асиметрично војување, специјално војување, сајбер војување, психолошко војување итн.) и има симболично значење кое укажува дека политиката е всушност едно широко бојно поле, на кое треба да се војува со противникот со сите достапни методи и со користење на сите тактики и техники, за да се постигне конечната цел. Па така, политичкото дејствување (војување) мора да биде методолошки осмислено, добро испланирано и дициплинирано извршено. Тоа значи дека политичката партија (која војува) мора да поседува ресурси и капацитети кои ќе ги спроведат плановите и тактиките, на начин кој е најмалку ризичен, најекономичен и реално остварлив.

(more…)

Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“

м-р Игор Николоски

Едно од најважните откритија во историјата на човештвото е компјутерот. Многу од неговите карактеристики, како посебен го истакнаа значајниот експанзивен развој, во значењето на најважните сегменти, на процесите на социјалниот и економскиот живот. Специфичноста на сегашната фаза на развој во која се наоѓа компјутерот, го прави  предмет на злоупотреба, злоупотреба од страна на лица кои со овој пронајдок, вршат криминални активности.

Човечкиот род откако постои е изложен на многу предизвици и страдање, кои најчесто се негов производ. Факт е дека хакерските закани се современо зло кое му се заканува на целото човештво. Во себе содржат два елементи за своето дејствување, а тоа се агресијата и насилството, но исто така тука можеме да напоменеме и трет многу есенцијален елемент кој не смее да се изостави, а тоа е – ширењето на страв и предизвикувањето на хаос. Дефинирањето на секоја безбедносна појава само по себе претставува предизвик. Исто како што е специфично дефинирањето на поимот компјутерски криминал, во одредена мера е специфично и дефинирањето на поимот хакер – двигател на компјутерскиот криминал. Компјутерскиот криминалoпфаќа кривични дела извршени преку Интернет или на друг начин базирани врз различни форми на компјутерска технологија.

(more…)