Center for Security Research Некатегоризирани Превенција од злоупотреба на дрога – основа на превенцијата на криминалитетот поврзан со злоупотреба со дрога

Превенција од злоупотреба на дрога – основа на превенцијата на криминалитетот поврзан со злоупотреба со дрога

д-р Билјана Богданова-Смилевска

Превенцијата како поим, но и како предмет на истражување и интерес на експертската фела во повеќе научни области и дисциплини, игра важна улога во борбата против секој вид на криминалитет, со посебен осврт на кримналитетот поврзан со злоупотреба на дрога.

Целта што сакам да ја постигнам, всушност е да укажам дека за ефикасна превенција на криминалитетот поврзан со злоупотреба на дрога, неопходна е ефикасна превенцијата од злоупотребата на дрога. Тоа значи дека примарно значење има првата алка од синџирот на превенцијата, односно консуматорите на дрога. Приоритетот е  намалување на штетите од употреба на дрога. Во таа насока неопходни се превентивни мерки за искоренување на навиката за земање на дрога и одвраќање од идејата за консумирање,подигнување на свеста за штетните последици, што бара многу упорност и трпеливост. Истрајноста е клучниот елемент кој треба да го поседува оној кој што ќе се обиде да го одврати корисникот од земање на дрога во иднина.

Програмите за намалување на штети се збир на активности, мерки и политики насочени кон намалување на здравствените, социјалните и економските последици од употребата на дроги на индивидуално, локално и општествено ниво. Тие опфаќаат едукативни и советодавни активности, нудат стручна (медицинска, правна, социјална) помош, како и програми за размена на стерилен прибор за инјектирање, супституциските програми за третман на зависноста од дроги(третманот со метадон, со бупренорфин, медицински хероин).Овие програми обезбедуваат заштита на здравјето на консуматорите и на тој начин се намалува опасноста од пренесување на сексуално и крвно преносливи болести. Колку е поголема информираноста кај корисниците на дрога за вакви можности толку е помала веројатноста да дојде до штетните последици кои ги носи консумирањето на дрогата. Вклучувањето на стручни лица во целиот овој процес на превенција е од осoбена важност, особено при делење совети кај корисниците за дрога за долготрајно и неправилно инјектирање на дроги, советување и едукација за одржување на здравјето, мотивирање за третман и препраќање до соодветните здравствени институции. За успешна превенција посебно важен е респектот на личноста на консуматорот на дрога, поддршката за личен и професионален развој и реинтеграција во опшественатасредина. Медиумските кампањи, работилници и трибини против злоупотребата на дрога се најмоќен превентивен механизам.

            Посебен сегмент во превентивниот модел е грижа за децата консуматори на дрога, како најранлива категорија, што го вклучува алармот на црвеноза неопходен сериозен пристап и брза реакција при самите почетоци на консумирање дрога, а најважно е да им се обезбеди континуирана грижа за да се избегне рецидивизмот. Треба да постои сепарација на програмите за деца и возрасни, при што програмите за децатреба да имаат добра пристапност и да се лесно прифатливи и разбирливи за децата. Децата не треба да се поистоветуваат со возрасните корисници на дрога, ниту во третманите, ниту во програмите за превенција и за спречување на рецидивизам.

            Моето заклучно согледување за превенцијата од злоупотребана дрога е сериозниот  пристап кон консуматорите како најзначајна алка-потрошувач на дрога во синџирот на криминалитетот поврзан со злоупотреба на дрога, од кои зависи побарувачката на истата. Рана детекција и континуираните превентивни активности и третмани од стручни лица ќе придонесат за намалување на штетите од консумирање дрога на индивидуално и општествено ниво.Имено, периодот по завршување на кој било третман е период со висок ризик за рецидив, затоа е потребна продолжена, континуирана грижа по завршувањето на секој третман, преку програмите за самопомош, личен и професионален развој, превенција на рецидиви.     Ефикасна превенција бара мултидисциплинарен пристап, детална анализа, јасни програми, експертска инволвираност и активно учество на сите општествени чинители со цел креирање на политика за превенција од дрога.

You may get a prescription from your doctor, depending on the situation and how much you actually need it. viagra online Users have reported that importing Modafinil from popular Modafinil vendors such as Duckdose currently closed or Afinil Express one of the top worldwide Modafinil providers is quite easy and will usually arrive within 2 to 3 weeks following your order.

Related Post

Предавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во БелградПредавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во Белград

Претставникот на ЦБИ, г-дин Раби Седрак, на покана на Институтот за европски студии во Белград, одржа предавање на тема „Импликациите на кризата во Авганистан за европската безбедност – талибанците наспроти ИСИС“. Настанот беше организиран од страна на реномираните професори д-р Миша Ѓурковиќ и д-р Стеван Гајиќ.

Гостување на директорот Нацев во емисијата „Клик Плус“ ТВ21Гостување на директорот Нацев во емисијата „Клик Плус“ ТВ21

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за системот за кризен менаџмент и заштита и спасување, како и за последните политички случувања кои имаат и безбедносни импликации.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк:

Онлајн состанок со „Центарот за безбедносни студии од Косово“Онлајн состанок со „Центарот за безбедносни студии од Косово“

Центарот за безбедносни истражувања ја започна соработката со еден од своите меѓународни партнери, водечкиот косовски институт за безбедносни истражувања „Центар за безбедносни студии”, кој е независен истражувачки институт, формиран во 2008 година, и со седиште во Приштина.

На денешниот онлајн состанок со Извршниот Директор на „Центарот за безбедносни студии“, г-дин Ментор Врајоли, ги поставивме основите за понатамошна заедничка работа и ги дефиниравме областите од заеднички истражувачки интерес за двете организации.