Center for Security Research Колумни Балканската рута и транспортот на наркотици во западна Европа

Балканската рута и транспортот на наркотици во западна Европа

м-р Оливер Ристески

Балканскиот полуостров претставува раскрсница за нелегалната трговија со наркотици. Неговата местоположба претставува “мост” за копнената рута која ја поврзува западна Европа со источна Азија, како најголем светски производител на наркотичната дрога хероин. Тука се вкрстуваат сите патишта за транспорт по копно на хероин од Авганистан до западна Европа. Преку пристаништата во Албанија (Драч) и Црна Гора (Бар) се врши транспортот по вода на кокаинот кој што доаѓа од Латинска Америка и преку земјите од балканскиот полуостров се дистрибуира до западна Европа, а дел останува тука и во регионот.

Според извештајот на ЕУ за проценка на закани за сериозен и организиран криминал, (Serious And Organised Crime Threat Assessment – SOCTA), Албанија претставува најголем производител на марихуана во Европа, а Мароко е најголем производител на хашиш, кој енаменет за Европа. Поголемиот дел од албанската марихуана се дистрибуира преку балканската рута по копно во западна Европа, а помал дел од оваа дрога е наменет за земјите од регионот. Според овој извештај вредноста од бизнисот со дрога изнесува најмалку 24 милијарди евра на годишно ниво.

Евидентно е, од досегашните успешни операции на полициските сили во неколку држави, дека криминалците континуирано бараат нови методи за транспорт на наркотичната дрога и користат информатички технологии за да го направат својот бизнис потежок за откривање и докажување. Користењето на darknet – мрежата и разни видови на програмски плаформи за продажба на наркотици преку Интернет и употребата на криптовалутите ги намалуваат ризиците од откривање од страна на безбедносните служби. Производството на синтетички дроги (екстази, амфетамини и метамфетамини) до пред десетина години беше претежно во Холандија и Белгија, но во последните неколку години се бележи раст на производството на синтетички дроги и на Балканот, а за тоа говори и фактот што беа откриени неколку т.н. лабаратории за производство на синтетички дроги во регионот.

Според извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал, балканските земји Турција, Бугарија, Грција, Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, низ кои поминува т.н. балканска рута претставува најголем извор за хероин во западна Европа. Според овој извештај се проценува дека годишно транзитираат 80 тони хероин низ западен Балкан кон западна Европа. Балканот и во минатото, но и денес претставува „мост“ меѓу истокот и западот и голем дел од наркотиците транзитираат низ регионот. Извршителите на нелегалниот транспорт на наркотици се воглавно меѓународни организирани криминални групи. Нивните босови го планираат и организираат нелегалниот транспорт на наркотици, вклучувајќи специјализирани криминалци-транспортери за транспорт на наркотиците од една локација до друга, притоа користејќи специјализирани бункери во моторни возила за криење на наркотичните дроги.

Меѓународната полициска соработка во оваа област е дел од секојдневната пракса на криминалистичките полиции во регионот, нејзините специјализирани тела и други институционални тела за борба против организираниот криминал. Примената на посебни истражни мерки, посебно во делот на контролиран транспорт за овој вид на криминалитет е неопходна, бидејќи станува збор за меѓународна истрага заради обезбедување на докази за „врвот“ на криминалната организација, кој што го планирал и организирал нелегалниот транспорт на наркотични дроги. Есенцијално е ваквата практика да продолжи и во иднина, со цел да се постигнат уште поголеми резултати во борбата со овој појавен облик на организираниот криминал.

Children with egg are often associated trained children it is intended. generic cialis Vascular clip application or insertion fairly dif cult and require an updated treatment strategy, laparoscopic suturing.

Related Post

Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“

Прашањето кое е содржано во насловот е поврзано со преносот на терористите од Сирија и Либија до Авганистан, мисија за која што е потребна експертска и доверлива страна што ќе може да ја заврши оваа задача преку аеродромот на Кабул.

Повеќето држави околу оваа геостратешки важна земја, со внимателна загриженост гледаат кон авганистанската ситуација по чудното повлекување на Американците. На тоа се надоврзуваат неконтролираните реперкусии што може да се појават, по брзото проширување на „Талибанците“ (на повеќе од 85% од територијата).

Во исто време, сите го следат барањето на САД до Анкара, за распоредување на воени единици за обезбедувањето на аеродромот во главниот град Кабул. Додека Турција се согласи на мисијата и се подготвуваше за изведување на операцијата, Талибанците обзнанија дека се спротивставуваат на овој потег, не заради нивниот анти-турски став, туку поради анти-американски сентимент. Движењето Талибан  со сомнеж гледа кон турското присуство на аеродромот кое доаѓа по американско барање или желба.

(more…)

Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“

д-р Александар Нацев

Последниве неколку месеци, како последица на политичките случувања во Република Македонија, многу често се користат термините пропаганда и пропагандна кампања во секојдневните говори на политичарите, во новинарски текстови, во големиот број дебатни емисии, но и во меѓусебните разговори помеѓу обичните граѓани. Ако се погледнат различните контексти во кои се споменува пропагандата во нашето општество, ќе се забележи дека најчесто таа се доживува како негативна појава и како алатка за да се убедат луѓето да постапат во одредена ситуација и да изберат како ќе рационализираат, постапат или го дадат својот глас на одредено гласање. Во друг контекст, пропагандата се гледа како помошна алатка во одредени информативни кампањи кои треба да ја информираат јавноста за одредени аспекти или гледишта.

(more…)

Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“

м-р Игор Николоски

Едно од најважните откритија во историјата на човештвото е компјутерот. Многу од неговите карактеристики, како посебен го истакнаа значајниот експанзивен развој, во значењето на најважните сегменти, на процесите на социјалниот и економскиот живот. Специфичноста на сегашната фаза на развој во која се наоѓа компјутерот, го прави  предмет на злоупотреба, злоупотреба од страна на лица кои со овој пронајдок, вршат криминални активности.

Човечкиот род откако постои е изложен на многу предизвици и страдање, кои најчесто се негов производ. Факт е дека хакерските закани се современо зло кое му се заканува на целото човештво. Во себе содржат два елементи за своето дејствување, а тоа се агресијата и насилството, но исто така тука можеме да напоменеме и трет многу есенцијален елемент кој не смее да се изостави, а тоа е – ширењето на страв и предизвикувањето на хаос. Дефинирањето на секоја безбедносна појава само по себе претставува предизвик. Исто како што е специфично дефинирањето на поимот компјутерски криминал, во одредена мера е специфично и дефинирањето на поимот хакер – двигател на компјутерскиот криминал. Компјутерскиот криминалoпфаќа кривични дела извршени преку Интернет или на друг начин базирани врз различни форми на компјутерска технологија.

(more…)