Center for Security Research Настани Делегација на ЦБИ оствари работна посета на Брисел

Делегација на ЦБИ оствари работна посета на Брисел

Делегација на ЦБИ во периодот од 7ми до 11ти февруари 2022ра година, оствари работна посета на Брисел. При посетата, беа остварени средби и состаноци со претставници на Европската служба за надворешно дејствување, Европската одбранбена агенција, Европскиот одбранбен и безбедносен колеџ, како и со неколку европратеници.

Related Post

Собраниска дебата за Законот за АРСобраниска дебата за Законот за АР

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Јавната расправа по предлог законот за Агенцијата за разузнавање, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев имаше и свое обраќање во кое направи анализа на одредени одредби кои се предвидуваат во законот.

Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“

Центарот за безбедносни истражувања организираше настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.

На настанот свои излагања имаа Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, кој се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес и г-дин Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ, кој зборуваше за терористичките закани, стратегии и тактики преку анализа на научени лекции од Блискиот Исток.

На настанот присуствува голем број на претставници на странски мисии и меѓународни организации, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари.

(more…)

Центарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоењеЦентарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоење

На 2ри Септември, со свечена прослава во Скопје свечено беше одбележана четвртата годишнина од формирањето на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ). Во присуство на членовите на ЦБИ, голем број на гости, партнерски организации, лица од бизнис секторот и од јавниот живот, раководството на ЦБИ ги презентираше резултатите од досегашната работа, како и плановите за идниот раст и развој на организацијата.

Настанот со свое обраќање го отвори заменик директорот на ЦБИ, Јане Јанчески, кој даде една ретроспектива на самите почетоци на функционирање на организацијата, предизвиците со кои се соочи организацијата, начинот на функционирање и организационата поставеност на ЦБИ.

(more…)