Center for Security Research Настани ЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во Будимпешта

ЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во Будимпешта

Центарот за безбедносни истражувања учествуваше со свој тим на симулациската вежба за сајбер безбедност, во организација на групацијата MeOut. Вежбата се одржа во периодот од 11ти до 14ти ноември во Будимпешта, и вклучуваше тимови од сите држави од Западен Балкан и од В4 групата на држави. Тимот, кој беше предводен од директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев, одлично се претстави на вежбата, а потврдени беа и заложбите за понатамошна соработка на меѓународно ниво со присутните партнерски организации.

Related Post

ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

Линкот за пристапување кон настанот е: 

https://us02web.zoom.us/j/84224291890

Meeting ID: 842 2429 1890

Работилница за превенција од насилен екстремизамРаботилница за превенција од насилен екстремизам

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања земаа учество на Работилницата за размена на искуства и градење заедница на практичари во областа на превенцијата од насилен екстремизам

Средба на Директорот на ЦБИ со министерот за внатрешни работиСредба на Директорот на ЦБИ со министерот за внатрешни работи

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања доц д-р Александар Нацев оствари работна средба со министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев.

На средбата беа потврдени заложбите за понатамошна идна соработка помеѓу ЦБИ и МВР на РМ.