Center for Security Research Колумни Една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС

Една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС

д-р Александар Нацев

Последното апсење на осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“ во Скопје и Куманово, повторно го актуелизираше прашањето дали Македонија е безбедна во поглед на организирано терористичко дејствување или сме „лесна мета“ за припадниците на терористичките групи. Зачестените апсења на лица за кои постои сомнение/докази дека биле дел од терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, како на пример оние во 2018 година кога беа уапсени седум лица, па потоа следуваше и апсење на три лица во септември 2020 година, кога беше запленето поголемо количество оружје, муниција и опрема, меѓу кои и самоубиствени експлозивни појаси, укажуваат на тоа дека Македонија треба да му пристапи сериозно на овој безбедносен предизвик и националните безбедносни служби да ги насочат своите капацитети и ресурси во справувањето со оваа специфична безбедносна закана.

Но, овде морам да напоменам дека ваквата ситуација не треба да претставува преголемо изненадување за нашиот безбедносен сектор, бидејќи голем број на компаративни искуства од државите во регионот, но и меѓународни истражувања и документи укажуваа дека Балканот генерално, но и Република Македонија посебно, треба да обрнат внимание на феноменот на борци повратници. Во контекст на ова, доволно е да го погледнеме „Годишниот извештај за тероризмот во светот за 2019 година“, изработен од Стејт Департментот на САД, во кој недвосмислено се потенцира дека една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС. Во него е наведено дека Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и борба против тероризмот проценува дека 156 македонски државјани се приклучиле кон терористичките групи во Сирија и Ирак, од нив 36 се загинати, 37 останале на боиштата, а 83 се вратиле назад во Македонија. Во извештајот е истакнато дека македонската законодавна рамка за гонење на поединци и групи за кои постои сомневање дека извршиле или помагале во терористички активности или учествувале во странски војни е соодветна, но се потенцира дека „…ниските казни за кривични дела поврзани со тероризам и натаму остануваат предизвик“.

Доколку се направи малку подлабока анализа на бројките на лица кои од Македонија заминале за боиштата во Сирија и Ирак и компарација со потеклото на лицата уапсени за учество во терористичка организација, се доаѓа до заклучок дека северозападниот дел на државата, првенствено градовите Скопје со општините, Чаир, Сарај и Гази Баба и градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, се локациите од каде произлегуваат лицата кои заминуваат во редовите на ИСИС.

Последните апсења на МВР и она што можеме да го прочитаме во официјалните изјави и кривични пријави за уапсените лица, недвосмислено укажува дека наместо овие лица по враќањето од Сирија и по издржувањето казна затвор во земјава да се дерадикализираат и да се пристапи кон процесот на ресоцијализација, тие продолжиле со своите активности и планирале напади на витални државни објекти и извршување на убиства и уништување на јавни објекти. со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните.

Токму затоа, не треба да зачудува фактот што целата оваа ситуација наидува на неодобрување од јавноста и се поставуваат сериозни прашања за функционалноста на националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација, со кој се предвидува индивидуален третман на сите повратници и нивните семејства. Едноставно, ние како граѓани сме загрижени за нашата и безбедноста на нашите семејства и немаме време, ниту нерви да чекаме тој процес магично да проработи и да даде резултати за неколку години, туку бараме овој сериозен предизвик да се искачи на највисоките степени на безбедносната агенда, пред да биде предоцна.

Modafinil is also prescribed to patients who suffer from sleep-related disorders such as sleep apnea and Shift Work Sleep Disorder [ 1 ]. vgrmalaysia.net Modafinil is a powerful stimulant that offers insane cognitive benefits like [ 2 ]:.

Related Post

Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?

Благоја Јанакиевски

Основната премиса на одржливата безбедност е дека не можеме успешно да ги контролираме сите последици од несигурноста, но мора да работиме на решавање на причините за проблемот. Со други зборови, „борбата против симптомите“ нема да успее, па затоа треба да ја „излечиме болеста“.

Тековните пристапи кон националната и меѓународната безбедност се засноваат на претпоставката дека несигурноста може да се контролира преку воена сила или рамнотежа на моќта и политиките за задржување. Најочигледен неодамнешен пример за таков пристап е таканаречената „војна против тероризмот“, која во суштина има за цел да го контролира тероризмот, без всушност да ги адресира основните причини.

Ваквите пристапи кон безбедноста се длабоки и ги обесхрабруваат светските политичари да создаваат реални и одржливи решенија за новите закани со кои се соочува светот во 21 век.

(more…)

Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“

Прашањето кое е содржано во насловот е поврзано со преносот на терористите од Сирија и Либија до Авганистан, мисија за која што е потребна експертска и доверлива страна што ќе може да ја заврши оваа задача преку аеродромот на Кабул.

Повеќето држави околу оваа геостратешки важна земја, со внимателна загриженост гледаат кон авганистанската ситуација по чудното повлекување на Американците. На тоа се надоврзуваат неконтролираните реперкусии што може да се појават, по брзото проширување на „Талибанците“ (на повеќе од 85% од територијата).

Во исто време, сите го следат барањето на САД до Анкара, за распоредување на воени единици за обезбедувањето на аеродромот во главниот град Кабул. Додека Турција се согласи на мисијата и се подготвуваше за изведување на операцијата, Талибанците обзнанија дека се спротивставуваат на овој потег, не заради нивниот анти-турски став, туку поради анти-американски сентимент. Движењето Талибан  со сомнеж гледа кон турското присуство на аеродромот кое доаѓа по американско барање или желба.

(more…)

Предности и недостатоци на користењето VPN софтверПредности и недостатоци на користењето VPN софтвер

Оливер Ристески

Дали некогаш сте се поврзале на јавна Wi-Fi мрежа и сте се запрашале дали некој, некаде, може да ја следи вашата активност на интернет? Тоа е сосема разумно, имајќи ги во предвид безбедносните ризици кои се спротивставуваат на вашата приватност. Со виртуелна приватна мрежа (VPN), можете да ги заштитите вашите лични податоци и информации кои ги разменувате со вашите контакти и да ја зголемите вашата безбедност на Интернет.

(more…)