Автор: csr-editor

Предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“Предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“



Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев одржа предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“. Темата за предавањето беше поврзана со новите форми на информациско војување, и употребата на лажните вести и пропагандата при креирањето на стратешките наративи.

Семинар на Асоцијацијата за корпоративна безбедностСеминар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност



Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на семинарот „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето“, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.

Учество во проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.Учество во проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.



Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, д-р Александар Нацев учествуваше на почетниот настан за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.

Учество на конференцијаУчество на конференција



Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, д-р Александар Нацев учествуваше со свој труд на Четвртата меѓународна научна и стручна конференција, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.

Учество на Првата сесија на Работната група 4Учество на Првата сесија на Работната група 4



Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Првата сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија, што се одржа на 29 март 2018 година во Собранието на Република Македонија, на тема „Воспоставување надворешен механизам за контрола на работата на полицијата“.

Учество на Научно-стручна дебатаУчество на Научно-стручна дебата



Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.

Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникацииЈавна расправа по предлог законот за следење на комуникации



Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.

Гостување во емисијата „Несомнено“Гостување во емисијата „Несомнено“



Директорот на Центарот за Безбедносни Истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Несомнено“ на ТВ Алфа, во која ги изнесе своите ставови по однос на пакет предлог законите за регулирање на процесот на следење комуникации. Особено внимание беше посветено да законските одредби кои ги регулираат контролните механизми на процесот за следење комуникации, кои се предвидени во Законот за следење комуникации  и во Законот за оперативно техничката агенција.

Учество на јавна дебатаУчество на јавна дебата



Директорот на Центарот за Безбедносни Истражувања, доц д-р Александар Нацев зеде активно учество на јавната дебата организирана од Европско движење во Република Македонија на тема: „Kако до поголема заштита од неовластено прислушување?“.
Дебатата е во контекстот на граѓанските иницијативи за поголема демократизација на општествените процеси.