Center for Security Research Колумни Aктите на терор – тест за националната безбедност на Франција

Aктите на терор – тест за националната безбедност на Франција

Игор Николоски

Деновиве сме сведоци на уште еден чин на терор извршен врз цивилното население во Европа. Франција уште еднаш се соочува со грдото лице на тероризмот, кое секој нареден пат сее се поголем страв и влева несигурност во индивидуата, како креатор на современото општество.

Тероризмот е асиметрична  безбедносна појава која од ден на ден  покажува дека неговиот дијапазон на делување е со размер поголем од размислите и превентивното делување на безбедносните служби. Судирот на аномијата на правила на Емил Диркем пресликана преку призмата на безбедностите системи во корелација со тероризмот, ја дава моменталната слика на одговорот кој го пласирааат државните  безбедносни апарати. Како по клуч со синтагмата дека “….Историјата се повторува….“, теророт се користел уште од многу одамна во човечката историја. Соградењето на големите империи преку разни акти на насилство, ликвидации се со цел да се држи во послушност и постојан страв целокупното население.

За иронијата на нештата да биде поголема,самиот терминтерор (terreur) со значење режим, систем на страв; потекнува од периодот на Француската буржоаска револуција на Робеспјер, која го крена гласот на обичниот граѓанин на Европа против закоравениот систем на Монархистичко владееење.Искористен да ја уништи боржуазијата преку акти на насилства, силувања, спалувања на живи луѓе и јавни егзекуции на гилотина,за да го донесе новото утро на демократија….Fraterite…Elegalite…Liberte…

Самото дефинирање на асимертичните безбедносни закани иставање во рамки на законот претставува проблем и предизвик на правниот поредок на секоја модерна држава. Несразмерното делување на безбедносен план го гледа како извор на загрозување на нејзината национална безбедност.

На досегашните четворица јавачи на апокалипсата – војната, гладот, чумата и смртта, им се придружи и петиот-тероризмот. Тероризмот триумфално го означи почетокот на новиот век и новиот милениум, со јасна порака дека деновите во иднина ќе почнуваат и ќе завршуваат со неговите разорни и застрашувачки ефекти. Тероризмот како двигател на новата ера на асиметричните безбедносни закани укажува на импликации кои даваат ново “светло во тунелот“ на полето на военополитичкото влијание во светот воопшто.

Француската држава како еден од “моторите“ двигатели на механизмот на Европската Унија и моментален нејзин предводник, во последните години е мета на повеќе терористички напади, кои се изведени од страна на радикални исламистички, терористички келии и групации; но и мета на индивидуални верски терористички напади. Основната карактеристика, по која верскиот (религиозниот) се разликува од сите други современи видови тероризам, е тоа што овој вид е мотивиран со верски императиви, најчесто доведува до многу жестоки и опасни акти на насилство, кои предизвикуваат се поголем и поголем број жртви и масовни разурнувања.Нивните акти на света тајна или божја должност, како и нивното морално и севкупно оправдување, потсетуваат на дамнешните времиња, кога во периодот на феудализмот црквата ги диктираше правилата на игра за војните, кои што ги водеше. Ги оправдуваше со виша сила – божјата волја… “Господ го сака тоа.”. Нешто слично се случува и ден денес. Денес, по иранската револуција и Хомеиновото толкување на исламот, верските императиви на исламот и неговото фундаменталистичко толкување, стануваат новото гравитациско јадро и движечка сила на современиот тероризам во светот.

Од 2012 година до денес се изведени повеќе терористички нападина француско тло во кој што загинаа повеќе од 250 граѓани на Франција. И во оваа 2020 година повторно Франција е мета на напади на терористите, истите “духови“ ликови од минатото крстосуваат низ француските улици. Повторно се убиваат и обезглавуваат луѓе во името на Алах. Деновиве националната безбедност на Франција ја тресат верскиот исламистички радикален тероризам проектиран преку емигранти, т.н. спиечки терористи, креиран од индивидуалните потенцијали на поединецот.

            Прашањата на кои ќе треба да дадат одговор безбедносните служби на водечките држави на Европската Унија (Германија,Франција, Италија и Шпанија) се :

  • Дали “Арапската Пролет“ скапо ќе ја чини Европа ?
  • Дали со “модерната преселба на народите“ имаме модерна преселба и на

Терористи и Радикални исламисти ?

  • Дали ќе се креира одреден модул за да може да се разбие терористичка келија чии членови се распространети на територија на повеќе од една држава?

За на сите претходни прашања да се добие соодветен одговор, ќе мора да се крени на многу поголемо ниво колаборативниот елемент помеѓу разузнавачките служби на европските модерни држави.

Како и секоја друга девијантна појава така и тероризмот како деструктивна безбедносна појава ги става на тест безбедносните служби, националната безбедност и индивидуалната безбедност, односно безбедноста на поединецот.Поединецот е “клетката единка“ на самото општество, креаторот на сите општествени процеси и појави. Доколку не можеме да ја загарантираме индивидуалната безбедност –  слободата на поединецот,непродуктивни ни се сите системи на колективна безбедност.

Хераклид од Ефес рекол:…Panta rei – Се тече, се се менува.Сепак времето ќе покаже како ќе се одвиваат одередени општествено политички процеси и појави, какви се мерки ќе бидат превземени да ce заштити граѓанинот од деструкцијата на асиметричните безбедносни закани и ризици, како “најслаба алка“ на безбедносните системи, модерно наречен – колатерална штета.

Related Post

Една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИСЕдна од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС

д-р Александар Нацев

Последното апсење на осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“ во Скопје и Куманово, повторно го актуелизираше прашањето дали Македонија е безбедна во поглед на организирано терористичко дејствување или сме „лесна мета“ за припадниците на терористичките групи. Зачестените апсења на лица за кои постои сомнение/докази дека биле дел од терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, како на пример оние во 2018 година кога беа уапсени седум лица, па потоа следуваше и апсење на три лица во септември 2020 година, кога беше запленето поголемо количество оружје, муниција и опрема, меѓу кои и самоубиствени експлозивни појаси, укажуваат на тоа дека Македонија треба да му пристапи сериозно на овој безбедносен предизвик и националните безбедносни служби да ги насочат своите капацитети и ресурси во справувањето со оваа специфична безбедносна закана.

(more…)

Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“

Прашањето кое е содржано во насловот е поврзано со преносот на терористите од Сирија и Либија до Авганистан, мисија за која што е потребна експертска и доверлива страна што ќе може да ја заврши оваа задача преку аеродромот на Кабул.

Повеќето држави околу оваа геостратешки важна земја, со внимателна загриженост гледаат кон авганистанската ситуација по чудното повлекување на Американците. На тоа се надоврзуваат неконтролираните реперкусии што може да се појават, по брзото проширување на „Талибанците“ (на повеќе од 85% од територијата).

Во исто време, сите го следат барањето на САД до Анкара, за распоредување на воени единици за обезбедувањето на аеродромот во главниот град Кабул. Додека Турција се согласи на мисијата и се подготвуваше за изведување на операцијата, Талибанците обзнанија дека се спротивставуваат на овој потег, не заради нивниот анти-турски став, туку поради анти-американски сентимент. Движењето Талибан  со сомнеж гледа кон турското присуство на аеродромот кое доаѓа по американско барање или желба.

(more…)

Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?

Благоја Јанакиевски

Основната премиса на одржливата безбедност е дека не можеме успешно да ги контролираме сите последици од несигурноста, но мора да работиме на решавање на причините за проблемот. Со други зборови, „борбата против симптомите“ нема да успее, па затоа треба да ја „излечиме болеста“.

Тековните пристапи кон националната и меѓународната безбедност се засноваат на претпоставката дека несигурноста може да се контролира преку воена сила или рамнотежа на моќта и политиките за задржување. Најочигледен неодамнешен пример за таков пристап е таканаречената „војна против тероризмот“, која во суштина има за цел да го контролира тероризмот, без всушност да ги адресира основните причини.

Ваквите пристапи кон безбедноста се длабоки и ги обесхрабруваат светските политичари да создаваат реални и одржливи решенија за новите закани со кои се соочува светот во 21 век.

(more…)