Center for Security Research Настани Собраниска дебата за Законот за АР

Собраниска дебата за Законот за АР

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Јавната расправа по предлог законот за Агенцијата за разузнавање, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев имаше и свое обраќање во кое направи анализа на одредени одредби кои се предвидуваат во законот.

Related Post

Семинар на Асоцијацијата за корпоративна безбедностСеминар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на семинарот „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето“, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.

Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникацииЈавна расправа по предлог законот за следење на комуникации

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.

Гостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија Алфа

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за најновото рангирање на светските армиии на Global Firepower, за АРМ, за одбраната и за скандалот со НАТО безбедносните сертификати.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк: