Center for Security Research Настани ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

Линкот за пристапување кон настанот е: 

https://us02web.zoom.us/j/84224291890

Meeting ID: 842 2429 1890

Related Post

Предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“Предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев одржа предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“. Темата за предавањето беше поврзана со новите форми на информациско војување, и употребата на лажните вести и пропагандата при креирањето на стратешките наративи.

Положување цвеќе на КарпалакПоложување цвеќе на Карпалак

Денес, на Карпалак, делегација на Center for security research/Центар за безбедносни истражувања, предводена од Заменик Извршниот директор г-дин Јане Јанчески, положи свежо цвеќе, во чест на хероите паднати за Македонија во 2001 година.