Директорот на Центарот за безбедносни истражувања доц д-р Александар Нацев оствари работна средба со министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев.
На средбата беа потврдени заложбите за понатамошна идна соработка помеѓу ЦБИ и МВР на РМ.
Делегација на Центарот за безбедносни истражувања, во состав д-р Александар Нацев – директор на ЦБИ, Јане Јанчески – заменик директор, Мартин Стојановски – советник за надворешна соработка и Раби Седрак – советник за противтероризам, денес во Приштина оствари работна средба со претставници од Косовскиот центар за безбедносни студии, на која се дискутираше за идна соработка и заеднички програми кои ќе се фокусираат на безбедносните проблеми кои доаѓаат од илегалната имиграција и борците повратници во Европа.
САРИСА: Г-дине Јанчески, кажете ни малку повеќе за себе и за Вашата организација
ЈЈ: Најпрво да Ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и да ги поздравам Вашите читатели. Јас сум Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), и еден од основачите на нашата невладина организација, која ја регистриравме во 2017 година. Првичната идеја околу формирањето на ЦБИ беше да изградиме една платформа за истражување на безбедносните појави, која ќе обедини на едно место практичари и теоретичари од доменот на безбедноста и одбраната, и која ќе го пополни вакуумот во граѓанскиот сектор кога се во прашање конкретно безбедноста и одбраната.
САРИСА: Дали успеавте во Вашата замисла и каква е моменталната состојба во ЦБИ?
ЈЈ: Јас овде ќе дадам еден прилично нескромен одговор и ќе кажам дека успеавме во нашата замисла. Доколку се погледне составот на тимот кој е вклучен во ЦБИ, ќе се види дека таму имаме еден микс од луѓе кои оставиле свој печат преку своето работно искуство во разни институции, како на пример АРМ, МВР, ДБКИ, ДЗС и други институции, имаме луѓе кои доаѓаат од академската сфера, а успеавме да допреме и до помладите генерации и да анимираме студенти кои студираат на студиски програми кои се поврзани со одбраната и безбедноста.
(more…)
Директорот на Центарот за Безбедносни Истражувања, доц д-р Александар Нацев зеде активно учество на јавната дебата организирана од Европско движење во Република Македонија на тема: „Kако до поголема заштита од неовластено прислушување?“.
Дебатата е во контекстот на граѓанските иницијативи за поголема демократизација на општествените процеси.