Center for Security Research Некатегоризирани Онлајн состанок со „Центарот за безбедносни студии од Косово“

Онлајн состанок со „Центарот за безбедносни студии од Косово“

Центарот за безбедносни истражувања ја започна соработката со еден од своите меѓународни партнери, водечкиот косовски институт за безбедносни истражувања „Центар за безбедносни студии”, кој е независен истражувачки институт, формиран во 2008 година, и со седиште во Приштина.

На денешниот онлајн состанок со Извршниот Директор на „Центарот за безбедносни студии“, г-дин Ментор Врајоли, ги поставивме основите за понатамошна заедничка работа и ги дефиниравме областите од заеднички истражувачки интерес за двете организации.

Related Post

Предавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во БелградПредавање на г-дин Раби Седрак во Институтот за европски студии во Белград

Претставникот на ЦБИ, г-дин Раби Седрак, на покана на Институтот за европски студии во Белград, одржа предавање на тема „Импликациите на кризата во Авганистан за европската безбедност – талибанците наспроти ИСИС“. Настанот беше организиран од страна на реномираните професори д-р Миша Ѓурковиќ и д-р Стеван Гајиќ.

Гостување на директорот Нацев во емисијата „Клик Плус“ ТВ21Гостување на директорот Нацев во емисијата „Клик Плус“ ТВ21

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за системот за кризен менаџмент и заштита и спасување, како и за последните политички случувања кои имаат и безбедносни импликации.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк:

Превенција од злоупотреба на дрога – основа на превенцијата на криминалитетот поврзан со злоупотреба со дрогаПревенција од злоупотреба на дрога – основа на превенцијата на криминалитетот поврзан со злоупотреба со дрога

д-р Билјана Богданова-Смилевска

Превенцијата како поим, но и како предмет на истражување и интерес на експертската фела во повеќе научни области и дисциплини, игра важна улога во борбата против секој вид на криминалитет, со посебен осврт на кримналитетот поврзан со злоупотреба на дрога.

Целта што сакам да ја постигнам, всушност е да укажам дека за ефикасна превенција на криминалитетот поврзан со злоупотреба на дрога, неопходна е ефикасна превенцијата од злоупотребата на дрога. Тоа значи дека примарно значење има првата алка од синџирот на превенцијата, односно консуматорите на дрога. Приоритетот е  намалување на штетите од употреба на дрога. Во таа насока неопходни се превентивни мерки за искоренување на навиката за земање на дрога и одвраќање од идејата за консумирање,подигнување на свеста за штетните последици, што бара многу упорност и трпеливост. Истрајноста е клучниот елемент кој треба да го поседува оној кој што ќе се обиде да го одврати корисникот од земање на дрога во иднина.

(more…)