Center for Security Research Настани Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“

Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“

Центарот за безбедносни истражувања организираше настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.

На настанот свои излагања имаа Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, кој се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес и г-дин Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ, кој зборуваше за терористичките закани, стратегии и тактики преку анализа на научени лекции од Блискиот Исток.

На настанот присуствува голем број на претставници на странски мисии и меѓународни организации, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари.


Related Post

ЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во БудимпештаЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во Будимпешта

Центарот за безбедносни истражувања учествуваше со свој тим на симулациската вежба за сајбер безбедност, во организација на групацијата MeOut. Вежбата се одржа во периодот од 11ти до 14ти ноември во Будимпешта, и вклучуваше тимови од сите држави од Западен Балкан и од В4 групата на држави. Тимот, кој беше предводен од директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев, одлично се претстави на вежбата, а потврдени беа и заложбите за понатамошна соработка на меѓународно ниво со присутните партнерски организации.

Интервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвициИнтервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвици

д-р Александар Нацев

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања даде свое интервју за веб порталот „Сариса“, во кое зборуваше за функционирањето на ЦБИ, кадровската екипираност на ЦБИ, и за идните планови на организацијата. Подолу можете да го прочитате целото интервју.

(more…)