Center for Security Research Колумни Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?

Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?

Благоја Јанакиевски

Основната премиса на одржливата безбедност е дека не можеме успешно да ги контролираме сите последици од несигурноста, но мора да работиме на решавање на причините за проблемот. Со други зборови, „борбата против симптомите“ нема да успее, па затоа треба да ја „излечиме болеста“.

Тековните пристапи кон националната и меѓународната безбедност се засноваат на претпоставката дека несигурноста може да се контролира преку воена сила или рамнотежа на моќта и политиките за задржување. Најочигледен неодамнешен пример за таков пристап е таканаречената „војна против тероризмот“, која во суштина има за цел да го контролира тероризмот, без всушност да ги адресира основните причини.

Ваквите пристапи кон безбедноста се длабоки и ги обесхрабруваат светските политичари да создаваат реални и одржливи решенија за новите закани со кои се соочува светот во 21 век.

Одржливата безбедност се фокусира на меѓусебно поврзани, долгорочни причини за несигурност, вклучувајќи:

  • Климатска промена;
  • Губење на инфраструктура,
  • Недостиг на ресурси и масовно раселување на луѓе, што доведува до граѓански немири, насилство и меѓународна нестабилност;
  • Конкуренција над ресурсите, вклучувајќи храна, вода и енергија, особено во веќе нестабилните делови на светот;
  • Маргинализација на поголем дел од планетата: зголемување на социо-економските поделби и политичка, економска и културна маргинализација на мнозинството од светската популација;
  • Глобална милитаризација: зголемена употреба на воена сила како безбедносна мерка и понатамошно ширење на воената технологија (вклучително и хемиско, биолошко и нуклеарно оружје).

Постојат многу други фактори кои можат да ја загрозат безбедноста на луѓето ширум светот (како радикализација, брз раст на глобалното население и недостатоци на постојните форми на глобално управување), но овие четири „големи проблеми“ најдобро ја одразуваат комплексноста на современиот свет и проблемите со кои се соочува.

Светот никогаш не бил меѓусебно поврзан и толку социо-економски поделен, со толку очигледни еколошки ограничувања како што е сега. Никогаш порано традиционалните пристапи кон војување и употребата на сила не се покажаа толку контрапродуктивни како денес. Обидите да се направи разлика помеѓу овие трендови и другите безбедносни закани, може да се протолкуваат како симптоми на основните причини за проблемот и имаат тенденција да бидат по локализирани и непосредни (на пример, тероризам или организиран криминал).

Одржливата безбедност всушност промовира сеопфатен, систематски пристап кој ја зема предвид интеракцијата на различните трендови кои често се анализираат изолирано. Исто така, посветува посебно внимание на тоа како сегашното однесување на меѓународните актери и западните влади придонесува за зголемување, наместо за намалување на несигурноста. Одржливата безбедност оди подалеку од анализата на заканите до развој на рамка за нови безбедносни политики. Глобалната правда и еднаквоста се потребни како клучни барања за одржлив одговор, заедно со напредокот кон реформа на глобалните системи за трговија, помошта и ослободувањето од долгови; смели, видливи и значајни чекори кон нуклеарно разоружување (и контрола на биолошко и хемиско оружје); и поместување на трошоците за одбрана да се фокусираат на невоени безбедносни елементи. Ова ги зема предвид основните структурни проблеми во националниот и меѓународниот систем, како и институционалните промени потребни за развој и спроведување на ефективни решенија.

Related Post

Влијанието на медиумите врз изборите во САД и во ЕвропаВлијанието на медиумите врз изборите во САД и во Европа

Тамара Митковска

Општеството можеме да процениме дали е демократско или не во зависност од медиумите кои се присутни во него. Правото на слободно изразување во јавноста е нешто кое е неопходно за правилно функционирање на едно современо, демократско општество. Токму ова право најмногу се изразува преку медиумите и затоа кога се интересираме за тоа дали едно уредување е демократско или не, треба да го погледнеме начинот на работа на медиумите. Во некои држави медиумите имаат целосна слобода во говорот и во статиите кои ги пишуваат, додека во некои други држави, она кое го објавуваат медиумите е диктирано од страна на некоја партија, а можеби и самиот медиум е создаден за потребите на партијата и на крај ја имаме третата категорија на медиуми, оние кои се приморани да пишуваат во полза на власта за да избегнат казни или прогонство. Третата категорија не е присутна во демократските општества како што се САД и државите во Европа, па заради тоа повеќе ќе се сконцентрирам на првите две. Медиумите имаат за цел да ги информираат граѓаните за тоа што се случува на политичката сцена и да ги информираат актерите за желбите и ставовите на граѓаните. Тука јасно може да ја увидиме важната улога на медиумите за време на изборите и изборните кампањи.

(more…)

Македонските затвори во улога на „Safe Haven” за терористиМакедонските затвори во улога на „Safe Haven” за терористи

м-р Бојан Христовски

Во текот на последната деценија светот се соочи со нов облик на тероризам чијашто идеологија произлезе од воените дејствија во Ирак и Сирија, првенствено во организација или со поддршка на терористичката организација ИСИС. Во налетот на тероризмот настрадаа дури и најсилните и најбезбедните европски центри. Имено, голем број европски метрополи беа мета на терористите, при што се истакнува дека во периодот 2014 – 2017 година во земји членки на ЕУ биле изведени дури 56 терористички напади во кои животот го загубиле 381 лице. Карактеристично за нападите е тоа што тие биле насочени кон таканаречени „меки цели“, односно без предупредување биле напаѓани невооружени цивили на фреквентни локации. Генерално, сите акти на тероризам во Европа биле организирани  или произлегле од актерите и поддржувачите на „Исламска Држава“, односно лица повратници од Сирија и Ирак или лица кои биле во непосреден контакт со нив.

(more…)

Користење на отворени извори на податоциКористење на отворени извори на податоци

Јане Јанчески

Прибирањето податоци од јавни или отворени извори стана еден од методите кои се широко користени во денешната работа на новинарските агенции, детективските агенции, компаниите кои работат приватно разузнавање, но и органите на државната управа кои се занимаваат со безбедносно-разузнавачка работа. Овој метод на прибирање податоци е само еден дел од арсеналот на погоре споменатите ентитети, но слободно може да се каже дека е и еден од најекономичните и најмногу користени, и во кохезија со другите методи на прибирање податоци може да не однесе кон комплетирање на сликата за нашиот предмет на интерес.

(more…)