Center for Security Research Колумни Користење на отворени извори на податоци

Користење на отворени извори на податоци

Јане Јанчески

Прибирањето податоци од јавни или отворени извори стана еден од методите кои се широко користени во денешната работа на новинарските агенции, детективските агенции, компаниите кои работат приватно разузнавање, но и органите на државната управа кои се занимаваат со безбедносно-разузнавачка работа. Овој метод на прибирање податоци е само еден дел од арсеналот на погоре споменатите ентитети, но слободно може да се каже дека е и еден од најекономичните и најмногу користени, и во кохезија со другите методи на прибирање податоци може да не однесе кон комплетирање на сликата за нашиот предмет на интерес.

Прибирањето податоци од отворени извори е процес што претставува предизвик и кој мора да биде добро усовршен со цел да се добијат кредибилни завршни информации и сознанија. Во исто време мораме да се погрижиме дека ќе се соберат доволно податоци за да се покријат сите аспекти на темата или темите што ќе бидат анализирани, но истовремено мораме и да одбегнеме пренатрупување со податоци или собирање на непотребни или несоодветни податоци. Со огромниот број информации што кружат и што се достапни на социјалните мрежи, во јавните бази на податоци и преку други отворени извори, клучно е да се поседуваат вештини и знаење потребни за пребарување, истражување и верификација на тие податоци, за да се искористат на прецизен и корисен начин.

Клучно за овој метод е лицата кои го користат да имаат познавања за постоењето, релевантноста, достапноста и веродостојноста на сите отворени извори што се одбрани за конкретна задача на собирање, како и познавањето на евентуалните правни ограничувања и барања за одобрување што се применуваат за користење на различните видови на извори на податоци. Познавањето на ограничувањата и можноста за пристап кон изворите се предуслови за делотворното собирање и анализа на податоците.

Новинарите, активистите за човекови права, детективите, приватните фирми за разузнавање и други лица постојано користат отворени податоци, кориснички содржини и други податоци од отворени извори во креирањето на извонредно значајни истражувања во сите области, од конфликтни зони до случаи на злоупотреби на човековите права, политичка и меѓународна корупција.

Информациите од отворени извори кои се слободно достапни за сите преку Интернет, на пример, преку Фејсбук, Инстаграм, Гугл мапс и преку други отворени јавни бази на податоци, овозможија секој да може да собира податоци и да врши проверки за други лица (на пример преку мрежите на социјалните медиуми). Изобилството информации од отворени извори достапни на Интернет и во базите на податоци значи дека денес секое можно истражување треба да вклучи и пребарување, собирање и верификација на податоци од отворени извори. Тоа стана неодвоиво од работата на култивирање на изворите, обезбедување податоци и други истражувачки тактики што се базираат врз скриени или помалку познати податоци. Новинарите, детективите, оперативците и други лица што ја развиваат и ја одржуваат способноста за правилно пребарување, откривање, анализа и верификација на одредени податоци, мора постојано да ги усовршуваат своите вештини, но и да се обучат за користење на различни софтвери кои се специјално дизајнирани за пребарување низ големи бази на податоци, за да ги најдат токму клучните податоци кои се потребни за одредено истражување.

Valium is used to prepare the patient for operation in this case, it acts as a sedative. vgrmalaysia The tablet form of the medication is usually intended for supportive therapy.

Related Post

Балканската рута и транспортот на наркотици во западна ЕвропаБалканската рута и транспортот на наркотици во западна Европа

м-р Оливер Ристески

Балканскиот полуостров претставува раскрсница за нелегалната трговија со наркотици. Неговата местоположба претставува “мост” за копнената рута која ја поврзува западна Европа со источна Азија, како најголем светски производител на наркотичната дрога хероин. Тука се вкрстуваат сите патишта за транспорт по копно на хероин од Авганистан до западна Европа. Преку пристаништата во Албанија (Драч) и Црна Гора (Бар) се врши транспортот по вода на кокаинот кој што доаѓа од Латинска Америка и преку земјите од балканскиот полуостров се дистрибуира до западна Европа, а дел останува тука и во регионот.

Според извештајот на ЕУ за проценка на закани за сериозен и организиран криминал, (Serious And Organised Crime Threat Assessment – SOCTA), Албанија претставува најголем производител на марихуана во Европа, а Мароко е најголем производител на хашиш, кој енаменет за Европа. Поголемиот дел од албанската марихуана се дистрибуира преку балканската рута по копно во западна Европа, а помал дел од оваа дрога е наменет за земјите од регионот. Според овој извештај вредноста од бизнисот со дрога изнесува најмалку 24 милијарди евра на годишно ниво.

(more…)

Една од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИСЕдна од главните безбедносни закани во Македонија се повратниците од ИСИС

д-р Александар Нацев

Последното апсење на осум лица за сторено кривично дело „терористичка организација“ во Скопје и Куманово, повторно го актуелизираше прашањето дали Македонија е безбедна во поглед на организирано терористичко дејствување или сме „лесна мета“ за припадниците на терористичките групи. Зачестените апсења на лица за кои постои сомнение/докази дека биле дел од терористичката организација Исламска држава во Сирија и Ирак, како на пример оние во 2018 година кога беа уапсени седум лица, па потоа следуваше и апсење на три лица во септември 2020 година, кога беше запленето поголемо количество оружје, муниција и опрема, меѓу кои и самоубиствени експлозивни појаси, укажуваат на тоа дека Македонија треба да му пристапи сериозно на овој безбедносен предизвик и националните безбедносни служби да ги насочат своите капацитети и ресурси во справувањето со оваа специфична безбедносна закана.

(more…)

Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“

д-р Александар Нацев

Последниве неколку месеци, како последица на политичките случувања во Република Македонија, многу често се користат термините пропаганда и пропагандна кампања во секојдневните говори на политичарите, во новинарски текстови, во големиот број дебатни емисии, но и во меѓусебните разговори помеѓу обичните граѓани. Ако се погледнат различните контексти во кои се споменува пропагандата во нашето општество, ќе се забележи дека најчесто таа се доживува како негативна појава и како алатка за да се убедат луѓето да постапат во одредена ситуација и да изберат како ќе рационализираат, постапат или го дадат својот глас на одредено гласање. Во друг контекст, пропагандата се гледа како помошна алатка во одредени информативни кампањи кои треба да ја информираат јавноста за одредени аспекти или гледишта.

(more…)