Center for Security Research Колумни Изборни стратегии и изборен менаџмент

Изборни стратегии и изборен менаџмент

Мартин Стојановски

Изборите се процес преку кој народот (односно гласачите) им го доверуваат извршувањето на политичка власт на политичарите и ги овластуваат политичарите да управуваат со државата во нивно име. Токму затоа, слободно може да се каже дека изборите се извор и темел на легитимитетот на целокупниот систем на државна власт. Заради тоа, политичките партии или независните кандидати кои се учесници во еден процес, мораат одлично да го познаваат овој процес, да имаат развиено уникатни методологии и стратегии, и да имаат детално разработени планови и сценарија како да ја остварат својата зацртана цел, а тоа е да убедат колку што може повеќе гласачи дека програмата која ја нудат е вистинската и дека е во нивен интерес да им го дадат својот глас токму на нив. Или накратко кажано, да имаат соодветна изборна стратегија и да имаат добар изборен менаџмент во својата изборна кампања.

Современите изборни кампањи се многу комплексни друштвени и комуникациски процеси, кои методолошки се одвиваат на релација помеѓу три клучни актери кои се основните столбови на изборните кампањи и политичката комуникација: политичките кандидати, јавноста (гласачите) и медиумите. Разбирањето на соодносот и пронаоѓањето на балансот помеѓу овие три актери треба да биде главната задача при изработката на изборната стратегија и изборот на соодветната методологија. Денешните политички кандидати се соочуваат со многу голем број предизвици кои мораат да ги совладаат, доколку сакаат да добијат кредибилитет пред јавноста и пред медиумите, како на пример: одлично владеење на политичкиот дискурс, да поседуваат вештини за користење на комуникациски алатки, мораат физички да се добро подготвени, постојано да се концентрирани и уште низа други работи. Од друга страна, гласачите стануваат сè поискусни и поинформирани, и за старите концепти на кажување на она што сакаат да го слушнат или обидите за блефирање на гласачите веќе нема место со современото политичко дејствување. Третиот важен актер во изборниот циклус, медиумите, се исто така огромен залак за секој политички кандидат, бидејќи нивната бројка постојано расте, нивното влијание се зголемува и се многу важни како креатори и обликувачи на јавното мислење. Пронаоѓањето на вистинската комуникациска стратегија е есенцијален елемент во изготвувањето на изборната стратегија, затоа што медиумите се филтерот низ кој се интерпретираат, анализираат и проверуваат зборовите на политичките кандидати.

Помина времето кога на политичарите им беше доволно само да одат и да се насмевнуваат опкружени со цела армија советници, кои се задолжени нивниот „шеф“ да изгледа паметно. Денешните современи политичари, барем оние кои сакаат да остават значаен белег во општеството и да бидат запаметени по одлични резултати, мора да бидат одлично технолошки едуцирани, да ги познаваат современите комуникациски стратегии, да имаат познавање од голем број области и да го познаваат својот електорат. Ако ги немаат овие карактеристики, јавноста лесно ќе препознае дека овие лица се само форма без суштина, и нивната политичка кариера ќе трае многу кратко. А ниту граѓаните, ниту државата не заслужуваат некомпетентни кадри да управуваат со нив, туку напротив, оние коишто ја управуваат државата треба да бидат најдобрите, најодговорните и најсмелите.

Related Post

Обезбедена или необезбедена безбедност -За потребата од безбедносна проценкаОбезбедена или необезбедена безбедност -За потребата од безбедносна проценка

Дарко Мирчески

Прекршувањата на правилата и споровите меѓу луѓето секогаш постоеле и ќе постојат, а судот е органот што одлучува за правдата во такви ситуации. Судот е институција која според принципот на поделба на власта, ја извршува судската власт. По својата природа на делување, секојдневно се наоѓа во ситуација да прима и услужи голема фреквенција на странки, вклучувајќи престапници и сторители на потешки кривични дела. Со цел заштита на имотот, редот и мирот, како и животите на сите присутни, е воведена посебна служба која се грижи за целокупната безбедност, наречена судска полиција.

(more…)

Балканската рута и транспортот на наркотици во западна ЕвропаБалканската рута и транспортот на наркотици во западна Европа

м-р Оливер Ристески

Балканскиот полуостров претставува раскрсница за нелегалната трговија со наркотици. Неговата местоположба претставува “мост” за копнената рута која ја поврзува западна Европа со источна Азија, како најголем светски производител на наркотичната дрога хероин. Тука се вкрстуваат сите патишта за транспорт по копно на хероин од Авганистан до западна Европа. Преку пристаништата во Албанија (Драч) и Црна Гора (Бар) се врши транспортот по вода на кокаинот кој што доаѓа од Латинска Америка и преку земјите од балканскиот полуостров се дистрибуира до западна Европа, а дел останува тука и во регионот.

Според извештајот на ЕУ за проценка на закани за сериозен и организиран криминал, (Serious And Organised Crime Threat Assessment – SOCTA), Албанија претставува најголем производител на марихуана во Европа, а Мароко е најголем производител на хашиш, кој енаменет за Европа. Поголемиот дел од албанската марихуана се дистрибуира преку балканската рута по копно во западна Европа, а помал дел од оваа дрога е наменет за земјите од регионот. Според овој извештај вредноста од бизнисот со дрога изнесува најмалку 24 милијарди евра на годишно ниво.

(more…)

Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?

Благоја Јанакиевски

Основната премиса на одржливата безбедност е дека не можеме успешно да ги контролираме сите последици од несигурноста, но мора да работиме на решавање на причините за проблемот. Со други зборови, „борбата против симптомите“ нема да успее, па затоа треба да ја „излечиме болеста“.

Тековните пристапи кон националната и меѓународната безбедност се засноваат на претпоставката дека несигурноста може да се контролира преку воена сила или рамнотежа на моќта и политиките за задржување. Најочигледен неодамнешен пример за таков пристап е таканаречената „војна против тероризмот“, која во суштина има за цел да го контролира тероризмот, без всушност да ги адресира основните причини.

Ваквите пристапи кон безбедноста се длабоки и ги обесхрабруваат светските политичари да создаваат реални и одржливи решенија за новите закани со кои се соочува светот во 21 век.

(more…)