За стратегијата и политичкиот интелект

Александар Нацев

Современото политичко дејствување мора да се прилагоди на начините на функционирање на современите општества и интерните динамики на тие општества, со цел да одговори на променливите предизвици кои се поставуваат пред секоја организирана политичка групација (политичка партија, политичко движење и сл.). Оваа теза веќе нашироко се апсолвира во најсилните светски држави и детално се разработува, за што сведочи и појавата на терминот политичко војување (political warfare). Самиот овој термин претставува продолжување на низата на класификација на различните видови на водење војна, која се води во различни домени (хибридно војување, асиметрично војување, специјално војување, сајбер војување, психолошко војување итн.) и има симболично значење кое укажува дека политиката е всушност едно широко бојно поле, на кое треба да се војува со противникот со сите достапни методи и со користење на сите тактики и техники, за да се постигне конечната цел. Па така, политичкото дејствување (војување) мора да биде методолошки осмислено, добро испланирано и дициплинирано извршено. Тоа значи дека политичката партија (која војува) мора да поседува ресурси и капацитети кои ќе ги спроведат плановите и тактиките, на начин кој е најмалку ризичен, најекономичен и реално остварлив.

                За таа цел, политичката војна мора да се базира врз широк дијапазон на информации, кој ја претставуваат основа за планирањето на активностите. Тој модел јас го нарекувам Политичко Дејствување Базирано на Информации (ПДБИ), и има одредени карактеристики и се води по одредени принципи. Принципите врз кои се базира овој модел најмногу се потпираат врз информациите кои се прибрани, и врз основа на овие информации се планираат следните постапки на стратегиско, тактичко и оперативно ниво. Принципите се следни:

  • Кредибилитет на органот кој работи на прибирање информации
  • Веродостојност и објективност на прибраните информации
  • Кредибилитет на аналитичката компонента која прави анализа на информациите
  • Употребливост на аналитичкиот продукт во политичкиот моментум

                Во однос на активностите кои треба да се преземаат при користењето на овој модел, треба да се осигура дека секоја активност е добро промислена, комплементарна со другите активности и прецизно извршена.

Мое уверување е дека современото политичко дејствување не смее да биде импровизирано и хаотично, туку мора да биде добро осмислено, организирано и извршено. Овој модел го нуди токму тоа, и претставува основа за успешно политичко војување и достигнување на зацртаните објективи.

Female : Essure Tubal ligation Male : Vasectomy. cialis price Reversible inhibition of sperm under guidance Vasalgel.

Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?Концепт на одржлива безбедност – Може ли да заживее?



FacebookTweetEmailPrint Основната премиса на одржливата безбедност е дека не можеме успешно да ги контролираме сите последици од несигурноста, но мора да работиме на решавање на причините за проблемот. Со други

Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“Анализа на Раби Седрак – „По неуспехот на турската мисија во Сирија, каква ќе биде улогата на Анкара во Авганистан?“



FacebookTweetEmailPrint Прашањето кое е содржано во насловот е поврзано со преносот на терористите од Сирија и Либија до Авганистан, мисија за која што е потребна експертска и доверлива страна што

Разгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбранатаРазгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбраната



FacebookTweetEmailPrint Мотивацијата е многу важна тема и е предмет на изучување, осoбeно во воспитно образовните установи, државните институции (како министерството за одбрана и  министерството за внатрешни работи), научните области како