Center for Security Research Настани Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникации

Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникации

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.

Related Post

Гостување на Раби Седрак во Алфа телевизијаГостување на Раби Седрак во Алфа телевизија

Раби В. Седрак – специјален советник за антитероризам на Центарот за безбедносни истражувања, гостуваше на телевизија Алфа со своја анализа на случувањата на Блискиот Исток и дел од Медитеранот. Експлозија во Бејрут, оставка на либанската влада, договор меѓу Израел и ОАЕ, конфликт меѓу Грција и Турција за ресурсите на природен гас…каде е Македонија во оваа геополитичка рамка?

Погледнете го целото гостување на следниов линк:

Семинар на Асоцијацијата за корпоративна безбедностСеминар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на семинарот „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето“, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.