Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев одржа предавање на KYATA „Winter University for Security Studies“. Темата за предавањето беше поврзана со новите форми на информациско војување, и употребата на лажните вести и пропагандата при креирањето на стратешките наративи.