Center for Security Research Колумни Изборни стратегии и изборен менаџмент

Изборни стратегии и изборен менаџмент

Мартин Стојановски

Изборите се процес преку кој народот (односно гласачите) им го доверуваат извршувањето на политичка власт на политичарите и ги овластуваат политичарите да управуваат со државата во нивно име. Токму затоа, слободно може да се каже дека изборите се извор и темел на легитимитетот на целокупниот систем на државна власт. Заради тоа, политичките партии или независните кандидати кои се учесници во еден процес, мораат одлично да го познаваат овој процес, да имаат развиено уникатни методологии и стратегии, и да имаат детално разработени планови и сценарија како да ја остварат својата зацртана цел, а тоа е да убедат колку што може повеќе гласачи дека програмата која ја нудат е вистинската и дека е во нивен интерес да им го дадат својот глас токму на нив. Или накратко кажано, да имаат соодветна изборна стратегија и да имаат добар изборен менаџмент во својата изборна кампања.

Современите изборни кампањи се многу комплексни друштвени и комуникациски процеси, кои методолошки се одвиваат на релација помеѓу три клучни актери кои се основните столбови на изборните кампањи и политичката комуникација: политичките кандидати, јавноста (гласачите) и медиумите. Разбирањето на соодносот и пронаоѓањето на балансот помеѓу овие три актери треба да биде главната задача при изработката на изборната стратегија и изборот на соодветната методологија. Денешните политички кандидати се соочуваат со многу голем број предизвици кои мораат да ги совладаат, доколку сакаат да добијат кредибилитет пред јавноста и пред медиумите, како на пример: одлично владеење на политичкиот дискурс, да поседуваат вештини за користење на комуникациски алатки, мораат физички да се добро подготвени, постојано да се концентрирани и уште низа други работи. Од друга страна, гласачите стануваат сè поискусни и поинформирани, и за старите концепти на кажување на она што сакаат да го слушнат или обидите за блефирање на гласачите веќе нема место со современото политичко дејствување. Третиот важен актер во изборниот циклус, медиумите, се исто така огромен залак за секој политички кандидат, бидејќи нивната бројка постојано расте, нивното влијание се зголемува и се многу важни како креатори и обликувачи на јавното мислење. Пронаоѓањето на вистинската комуникациска стратегија е есенцијален елемент во изготвувањето на изборната стратегија, затоа што медиумите се филтерот низ кој се интерпретираат, анализираат и проверуваат зборовите на политичките кандидати.

Помина времето кога на политичарите им беше доволно само да одат и да се насмевнуваат опкружени со цела армија советници, кои се задолжени нивниот „шеф“ да изгледа паметно. Денешните современи политичари, барем оние кои сакаат да остават значаен белег во општеството и да бидат запаметени по одлични резултати, мора да бидат одлично технолошки едуцирани, да ги познаваат современите комуникациски стратегии, да имаат познавање од голем број области и да го познаваат својот електорат. Ако ги немаат овие карактеристики, јавноста лесно ќе препознае дека овие лица се само форма без суштина, и нивната политичка кариера ќе трае многу кратко. А ниту граѓаните, ниту државата не заслужуваат некомпетентни кадри да управуваат со нив, туку напротив, оние коишто ја управуваат државата треба да бидат најдобрите, најодговорните и најсмелите.

Related Post

Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“

д-р Александар Нацев

Последниве неколку месеци, како последица на политичките случувања во Република Македонија, многу често се користат термините пропаганда и пропагандна кампања во секојдневните говори на политичарите, во новинарски текстови, во големиот број дебатни емисии, но и во меѓусебните разговори помеѓу обичните граѓани. Ако се погледнат различните контексти во кои се споменува пропагандата во нашето општество, ќе се забележи дека најчесто таа се доживува како негативна појава и како алатка за да се убедат луѓето да постапат во одредена ситуација и да изберат како ќе рационализираат, постапат или го дадат својот глас на одредено гласање. Во друг контекст, пропагандата се гледа како помошна алатка во одредени информативни кампањи кои треба да ја информираат јавноста за одредени аспекти или гледишта.

(more…)

Карактеристиките на современото политичко дејствувањеКарактеристиките на современото политичко дејствување

Мартин Стојановски

Современото политичко дејствување како одговор на постојаните променливи и динамични политички процеси, мора постојано да се развива и да се прилагодува на новонастанатите состојби, но и да се позиционира прецизно во однос на предизвиците кои се пред него и во исто време конзистентно да ги застапува своите вредности и идеологија.

Доколку го анализираме самиот поим „политичко дејствување“, можеме да го разбереме на два начини, како екстензивен и интензивен процес. Екстензивното политичко дејствување вклучува дејствување на сите нивоа на политичко организирање и преземање одредени активности во различни средини. Па така, како екстензивен политички пристап се смета дејствувањето на ниво на месна заедница, на општинско ниво, на републичко ниво, на регионално и на меѓународно, па дури и во одредени неполитички организации каде би сакале да оствариме влијание, како на пример синдикати, здруженија на граѓани и слично. Екстензивното политичко дејствување се карактеризира со присуство во сите овие средини и во суштина е еден квантитативен политички пристап, за кој се потребни многу човечки ресурси, но и многу логистичка поддршка.

(more…)

Разгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбранатаРазгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбраната

д-р Александар Нацев

Мотивацијата е многу важна тема и е предмет на изучување, осoбeно во воспитно образовните установи, државните институции (како министерството за одбрана и  министерството за внатрешни работи), научните области како криминологија и психологија (како стручен дел во своето работење) и има веќе формирано свое место и улога во сите општества. Има многу проучувања од психолошки, социолошки, економски, воени, политички и други експерти на оваа проблематика кои го разгледуваат предметот на истражување од своја перспектива.

            Намерата ми е преку еден осврт на оваа проблематика да дадам придонес кон развојот на концептот на мотивацијата во сегментите и процесите во одбраната. Тука, во овој процес, во неговата природа се главните предизвици за истражување, и треба пообемно и поцелосно да се согледаат основните фактори за мотивација во делот на одбраната, преку осврт на индивидуалната мотивираност во воена средина, односно на војникот (како општ поим на сите категории на воени лица – војници, подофицери и офицери), резервен состав и други лица на служба во одбраната, со тежиште на армискиот состав како основна средина каде се одвива воспитно образовниот процес на војникот.

(more…)