Center for Security Research Колумни Разгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбраната

Разгледување на влијанието на мотивацијата во современите текови во одбраната

д-р Александар Нацев

Мотивацијата е многу важна тема и е предмет на изучување, осoбeно во воспитно образовните установи, државните институции (како министерството за одбрана и  министерството за внатрешни работи), научните области како криминологија и психологија (како стручен дел во своето работење) и има веќе формирано свое место и улога во сите општества. Има многу проучувања од психолошки, социолошки, економски, воени, политички и други експерти на оваа проблематика кои го разгледуваат предметот на истражување од своја перспектива.

            Намерата ми е преку еден осврт на оваа проблематика да дадам придонес кон развојот на концептот на мотивацијата во сегментите и процесите во одбраната. Тука, во овој процес, во неговата природа се главните предизвици за истражување, и треба пообемно и поцелосно да се согледаат основните фактори за мотивација во делот на одбраната, преку осврт на индивидуалната мотивираност во воена средина, односно на војникот (како општ поим на сите категории на воени лица – војници, подофицери и офицери), резервен состав и други лица на служба во одбраната, со тежиште на армискиот состав како основна средина каде се одвива воспитно образовниот процес на војникот.

            Мотивацијата или мотивираноста најчесто се препознава како процес на подигање, раздвижување на потенцијалите на личноста кон некоја цел/цели преку насочување, одржување и однесување во согласност со вредностите на целта, условите и можностите на личноста. Мотивот пак се препознава како внатрешен фактор кој предизвикува, покренува, насочува, одржава и го обединува однесувањето на личноста.

            Мотивацијата е тесно поврзана и произлегува од социјалните, психолошките и економските карактеристики на воената средина, познавањето на методологијата на работа со луѓе, умешноста за трансфер на знаења и претставува директен одраз на дидактичко-методичките и методолошките принципи во процесот на обука и воспитно образовниот процес. Мотивацијата е сигурен показател на моралот во воената средина, а од тука произлегува и значењето на мотивацијата кое директно произлегува од самата нејзина природа и завзема централно место во психолошкиот пристап на оваа проблематика. Преку развојот на мотивацијата се развиваат личните способности и особини на личноста, изградба на посакуваните општествени идеали, а посебно тежиште треба да биде на воените вредности неопходни за цврста одбрана. На овој начин се развива сестраност на личноста во одбраната.

            Можеме да заклучиме дека мотивацијата е пресудна за борбено изградено воено лице и неговата подготвеност за извршување на голем спектар на задачи во мир и во војна. Крајна цел на изградбата на мотивацијата е прифаќање на армиските и општествените норми како свои и целосна посветеност на нив. Ова е сложено затоа што општествените вредности, пред се економско-политичката состојба во државата и личните особини на личноста имаат големо влијание во постигнување на силна мотивација, посебно во воспитно-образовниот процес. Поради ова многу е важна да има изградена дисциплина, оформен воен колектив, организација на животот и работата во армиската средина и стручни и методички способности на воените лица, како носители на изведувањето на обуката и воспитно образовниот процес. Постигната силна мотивација може да допринесе до отстранување и намалување на последиците на одредени проблеми и недостатоци.

            Препознавањето на мотивиран и немотивиран персонал е есенцијално и од теоретска и од практична страна. Од една страна, важно е достигнување на високо ниво на долгорочна мотивација, насочена кон постигнување на подготвеност на извршување на задачите на високо професионално ниво, која претставува движечка сила кај воениот персонал, а од друга страна важен е и начинот на живот и работа на воената организација и улогата на секое воено лице во секојдневието, кое бара развивање на секојдневни краткорочни мотиви.

            Многу е важно да се разликува мотивацијата на секоја категорија на воено лице: мотивацијата е различна кај војник на доброволно служење на воениот рок, различна кај професионалниот војник, а различна кај старешините и другиот персонал во одбраната. На пример, мотивацијата кај активниот состав многу зависи од поставувањето, унапредувањето, водењето на персоналот, должностите и функциите кои ги извршуваат, развојот и иднината на секоја личност посебно. Резервниот состав (со претпоставка дека е солидно организиран и заживеан) е со потполно друга мотивација. Ова посебно треба да се знае кога се планира, организира и изведува воената обука и целокупниот воен воспитно образовен процес.

            За крај, сакам да заклучам дека мотивацијата и мотивот претставуваат важен фактор во изградбата на цврста одбрана, и мораат постојано да се унапредуваат. Мотивираноста е составен дел од факторот човек (покрај факторите време, терен, опрема и слично) во одбраната и претставува основа на изградбата на одбраната како недделива задача и една од најважните должности и обврски на органите задолжени за ресорот одбрана. Секое потценување на овој сегмент на одбраната може да има непоправливи последици.

Rheumatoid arthritis predisposes to gall stone formation, it has a frequency of hypoglycemia unawareness attacks of gout. buy cialis malaysia Success rates with multiple attributes are traded off against one australia buy cialis to in extreme to another.

Related Post

Влијанието на медиумите врз изборите во САД и во ЕвропаВлијанието на медиумите врз изборите во САД и во Европа

Тамара Митковска

Општеството можеме да процениме дали е демократско или не во зависност од медиумите кои се присутни во него. Правото на слободно изразување во јавноста е нешто кое е неопходно за правилно функционирање на едно современо, демократско општество. Токму ова право најмногу се изразува преку медиумите и затоа кога се интересираме за тоа дали едно уредување е демократско или не, треба да го погледнеме начинот на работа на медиумите. Во некои држави медиумите имаат целосна слобода во говорот и во статиите кои ги пишуваат, додека во некои други држави, она кое го објавуваат медиумите е диктирано од страна на некоја партија, а можеби и самиот медиум е создаден за потребите на партијата и на крај ја имаме третата категорија на медиуми, оние кои се приморани да пишуваат во полза на власта за да избегнат казни или прогонство. Третата категорија не е присутна во демократските општества како што се САД и државите во Европа, па заради тоа повеќе ќе се сконцентрирам на првите две. Медиумите имаат за цел да ги информираат граѓаните за тоа што се случува на политичката сцена и да ги информираат актерите за желбите и ставовите на граѓаните. Тука јасно може да ја увидиме важната улога на медиумите за време на изборите и изборните кампањи.

(more…)

Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“Колумна на Игор Николоски – „Хакерот – криминалец на новото време“

м-р Игор Николоски

Едно од најважните откритија во историјата на човештвото е компјутерот. Многу од неговите карактеристики, како посебен го истакнаа значајниот експанзивен развој, во значењето на најважните сегменти, на процесите на социјалниот и економскиот живот. Специфичноста на сегашната фаза на развој во која се наоѓа компјутерот, го прави  предмет на злоупотреба, злоупотреба од страна на лица кои со овој пронајдок, вршат криминални активности.

Човечкиот род откако постои е изложен на многу предизвици и страдање, кои најчесто се негов производ. Факт е дека хакерските закани се современо зло кое му се заканува на целото човештво. Во себе содржат два елементи за своето дејствување, а тоа се агресијата и насилството, но исто така тука можеме да напоменеме и трет многу есенцијален елемент кој не смее да се изостави, а тоа е – ширењето на страв и предизвикувањето на хаос. Дефинирањето на секоја безбедносна појава само по себе претставува предизвик. Исто како што е специфично дефинирањето на поимот компјутерски криминал, во одредена мера е специфично и дефинирањето на поимот хакер – двигател на компјутерскиот криминал. Компјутерскиот криминалoпфаќа кривични дела извршени преку Интернет или на друг начин базирани врз различни форми на компјутерска технологија.

(more…)

Анализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на БалканотАнализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на Балканот

Турската влада ги исцрпи сите алатки на нејзината надворешна политика и ја продлабочи зависноста на земјата од западните сили. Турција не беше во можност да ја искористи глобалната трансформација, која најавува постоење на различни нови играчи. Наместо тоа, таа стана, економски и стратешки позависна од Западот, а особено од САД.

Турција периодов ја изгуби својата шанса за стратешка автономија, а исто така ја изгуби можноста за поголемо влијание и наметнување на своето гледиште во регионот. Турција доживеа противречности во нејзината надворешна политика, за прв пат во нејзината историја, особено во последните десет години. Партијата за правда и развој му претстави на светот контрадикторна слика за нејзината најавена надворешна политика. Ги изгуби пријателите кои ја обвинија за тиранија и експанзија, се дистанцираше самата од сојузниците и соочена со соседите, Турција стана дел од скоро сите кризи на Блискиот исток.

(more…)