
Во текот на последната деценија светот се соочи со нов облик на тероризам чијашто идеологија произлезе од воените дејствија во Ирак и Сирија, првенствено во организација или со поддршка на терористичката организација ИСИС. Во налетот на тероризмот настрадаа дури и најсилните и најбезбедните европски центри. Имено, голем број европски метрополи беа мета на терористите, при што се истакнува дека во периодот 2014 – 2017 година во земји членки на ЕУ биле изведени дури 56 терористички напади во кои животот го загубиле 381 лице. Карактеристично за нападите е тоа што тие биле насочени кон таканаречени „меки цели“, односно без предупредување биле напаѓани невооружени цивили на фреквентни локации. Генерално, сите акти на тероризам во Европа биле организирани или произлегле од актерите и поддржувачите на „Исламска Држава“, односно лица повратници од Сирија и Ирак или лица кои биле во непосреден контакт со нив.
(more…)