Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.