По повод пет години од основањето на Центарот за безбедносни истражувања, на 21ви мај го одбележавме овој значаен јубилеј со организација на Годишна конвенција. На конвенцијата беа присутни претставници од државните органи, претставници од странските дипломатски претставништва, градоначалници, пратеници, претставници на невладини организации и експерти. На сите кои дојдоа им благодариме за присуство и за укажаната чест и почит!
ЦБИ ја оддржа Годишната конвенција по повод 5 години од основањето
Related Post
ЦБИ учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во РимЦБИ учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим
Центарот за безбедносни истражувања со свој претставник учествуваше на конференцијата „Black Sea and Balkan Perspectives – A strategic region“ во Рим, организирана од нашите партнери NATO College Foundation. ЦБИ беше единствената (владина или невладина) организација од Република Македонија која доби покана да номинира свои претставници/панелисти на оваа престижна конференција.
Нашиот претставник, г-динот Раби Седрак, зборуваше на панелот кој беше посветен на безбедносните закани предизвикани од не-државни актери.
Онлајн настан „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“Онлајн настан „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“
Во организација на Центарот за безбедносни истражувања, се одржа онлајн настанот „Влијанието на COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот“. Предавачите се осврнаа на најчестите тактики за вршење сајбер напади, елаборираа неколку примери и дадоа препораки како да се заштитиме онлајн.












