Center for Security Research Настани ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!

Related Post

Најава за онлајн дебата за сајбер безбедност во организација на ЦБИНајава за онлајн дебата за сајбер безбедност во организација на ЦБИ

Бројот на компјутерски измами извршени во светот значително се зголеми за време на пандемијата на коронавирусот, а за да ги постигнат своите намери, сторителите почнаа да користат нови алатки. Придружете ни се на онлајн дебатата која ја организира Центар за безбедносни истражувања, а која се однесува токму на влијанието на #COVID19 за зголемување на нападите во сајбер просторот.


Деталите за логирање на ZOOM настанот ќе бидат достапни наскоро.

Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)

Директорот на #ЦБИ учествуваше на Warsaw Security Forum – Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржa во полската престолнина. На форумот учествуваа голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.

Гостување на Директорот на ЦБИ на радио „Лидер“Гостување на Директорот на ЦБИ на радио „Лидер“

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ на радио „Лидер“, во која зборуваше за најновите политички слуувања на домашната и меѓународната политичка сцена, безбедносната состојба во Македонија и во странство, и за можниот развој на геополитичките последици од некои од глобалните конфликти.