Center for Security Research Настани Интервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот домен

Интервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот домен

САРИСА: Г-дине Јанчески, кажете ни малку повеќе за себе и за Вашата организација

ЈЈ: Најпрво да Ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и да ги поздравам Вашите читатели. Јас сум Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), и еден од основачите на нашата невладина организација, која ја регистриравме во 2017 година. Првичната идеја околу формирањето на ЦБИ беше да изградиме една платформа за истражување на безбедносните појави, која ќе обедини на едно место практичари и теоретичари од доменот на безбедноста и одбраната, и која ќе го пополни вакуумот во граѓанскиот сектор кога се во прашање конкретно безбедноста и одбраната.

САРИСА: Дали успеавте во Вашата замисла и каква е моменталната состојба во ЦБИ?

ЈЈ: Јас овде ќе дадам еден прилично нескромен одговор и ќе кажам дека успеавме во нашата замисла. Доколку се погледне составот на тимот кој е вклучен во ЦБИ, ќе се види дека таму имаме еден микс од луѓе кои оставиле свој печат преку своето работно искуство во разни институции, како на пример АРМ, МВР, ДБКИ, ДЗС и други институции, имаме луѓе кои доаѓаат од академската сфера, а успеавме да допреме и до помладите генерации и да анимираме студенти кои студираат на студиски програми кои се поврзани со одбраната и безбедноста.

САРИСА: Кои се Вашите идни планови и што да очекуваме во наредниот период?

ЈЈ: Она што следни во блиска иднина, за 15тина дена, е нашето Годишно Собрание, на кое треба да се донесат неколку важни одлуки, во поглед на понатамошното функционирање, а ќе има и некое организациони поместувања, за кои јавноста ќе биде информирана. Она што е извесно дека ќе се случи, е воведувањето на нова специјализирана програма, покрај постоечките две (Програмата за против тероризам и Програмата за асиметрични безбедносни закани), и тоа ќе биде Програмата за приватна безбедност, преку која ЦБИ ќе се вклучи активно и во доменот на приватната безбедност и ќе започне свои истражувања и настани во таа насока.

САРИСА: Дали се подготвува организација на некој конкретен настан или конференција, на кој ќе може да присуствува и јавноста?

ЈЈ: Заради пандемијата, поголем дел од настаните сме приморани да ги организираме онлајн, но пробуваме да направиме и физички настани или настани во комбиниран формат. Таков беше последниот настан насловен „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, кој се одржа на 23ти февруари, во Скопје, и кој беше во комбиниран формат (онлајн на ZOOM/со физичко присуство). Овој настан беше исклучително успешен, затоа што во него учествуваа голем број на лица од Македонија, регионот, но и од странство, кои доаѓаат од наши партнерски организации, а побуди интерес и во неколку медиуми во Европа и на Блискиот Исток. Она што следи како следен настан е заедничка работилница со организацијата „ЕСТИМА“, а потоа во втората половина на април ќе имаме уште еден физички настан, кој е резултат на заедничка соработка и поддршка од Шведскиот Институт. За сите овие настани, како и за тековни работи можете да се информирате на нашата веб страна www.csr.mk.

САРИСА: Г-дине Јанчески, Ви благодариме што одвоивте време за ова интервју.

Related Post

Работилница за превенција од насилен екстремизамРаботилница за превенција од насилен екстремизам

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања земаа учество на Работилницата за размена на искуства и градење заедница на практичари во областа на превенцијата од насилен екстремизам

Средба на Директорот на ЦБИ со министерот за внатрешни работиСредба на Директорот на ЦБИ со министерот за внатрешни работи

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања доц д-р Александар Нацев оствари работна средба со министерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев.

На средбата беа потврдени заложбите за понатамошна идна соработка помеѓу ЦБИ и МВР на РМ.

Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)

Директорот на #ЦБИ учествуваше на Warsaw Security Forum – Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржa во полската престолнина. На форумот учествуваа голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.