Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, во која зборуваше за случувањата во Украина, за можниот развој на настаните и за геополитичките последици од овој конфликт.
Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк:
Центарот за безбедносни истражувања вчера ја организираше работилницата насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која се одржа во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата се осврна на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.
Денеска, 4 февруари, се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста.
По тој повод, делегација на Центарот за безбедносни истражувања, предводена од Советникот за надворешни односи и соработка, г-дин Мартин Стојановски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Со овој чин, ЦБИ им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.