Center for Security Research Настани Центарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоење

Центарот за безбедносни истражувања одбележа 4 години постоење

На 2ри Септември, со свечена прослава во Скопје свечено беше одбележана четвртата годишнина од формирањето на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ). Во присуство на членовите на ЦБИ, голем број на гости, партнерски организации, лица од бизнис секторот и од јавниот живот, раководството на ЦБИ ги презентираше резултатите од досегашната работа, како и плановите за идниот раст и развој на организацијата.

Настанот со свое обраќање го отвори заменик директорот на ЦБИ, Јане Јанчески, кој даде една ретроспектива на самите почетоци на функционирање на организацијата, предизвиците со кои се соочи организацијата, начинот на функционирање и организационата поставеност на ЦБИ.

Вториот говорник, Мартин Стојановски, Советник за надворешни односи и соработка во ЦБИ, се осврна на остварената меѓународна соработка во последните години, партнерствата со институции од земјата и од странство, и на одржаните семинари, работилници и конференции во организација на ЦБИ.

Настанот со свое обраќање го затвори Директорот на ЦБИ, доц, д-р Александар Нацев, кој направи краток рекапитулар на функционирањето на ЦБИ во изминатите 4 години, и ги претстави идните планови на организацијата и насоката во која ќе се движи Центарот.

Related Post

ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

Линкот за пристапување кон настанот е: 

https://us02web.zoom.us/j/84224291890

Meeting ID: 842 2429 1890

Семинар на Асоцијацијата за корпоративна безбедностСеминар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на семинарот „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето“, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.

Учество во проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.Учество во проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, д-р Александар Нацев учествуваше на почетниот настан за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“.