ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

Линкот за пристапување кон настанот е: 

https://us02web.zoom.us/j/84224291890

Meeting ID: 842 2429 1890

ЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во БудимпештаЦБИ учествуваше на вежба за сајбер безбедност во Будимпешта



FacebookTweetEmailPrint Центарот за безбедносни истражувања учествуваше со свој тим на симулациската вежба за сајбер безбедност, во организација на групацијата MeOut. Вежбата се одржа во периодот од 11ти до 14ти ноември

Делегација на ЦБИ оствари работна посета на БриселДелегација на ЦБИ оствари работна посета на Брисел



FacebookTweetEmailPrint Делегација на ЦБИ во периодот од 7ми до 11ти февруари 2022ра година, оствари работна посета на Брисел. При посетата, беа остварени средби и состаноци со претставници на Европската служба

Семинар на Асоцијацијата за корпоративна безбедностСеминар на Асоцијацијата за корпоративна безбедност



FacebookTweetEmailPrint Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на семинарот „Приватните детективи во областа на корпоративната безбедност, кривичната постапка и бизнис разузнавањето“, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.