Center for Security Research Настани ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

ЦБИ ќе организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“

Центарот за безбедносни истражувања организира работилница насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која ќе се одржи во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата ќе се осврне на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

Говорници на настанот ќе бидат директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев и специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Настанот ќе биде модериран од г-ца Драгана Каловска, и ќе започне од 18,00 часот, на 23.02.2021 година (вторник). Линкот за следење на настанот е следниов:

Линкот за пристапување кон настанот е: 

https://us02web.zoom.us/j/84224291890

Meeting ID: 842 2429 1890

Related Post

Интервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот доменИнтервју на Јане Јанчески, заменик директор на ЦБИ за порталот „САРИСА“: ЦБИ активно партиципира во безбедносниот домен

САРИСА: Г-дине Јанчески, кажете ни малку повеќе за себе и за Вашата организација

ЈЈ: Најпрво да Ви се заблагодарам за поканата за ова интервју и да ги поздравам Вашите читатели. Јас сум Заменик Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ), и еден од основачите на нашата невладина организација, која ја регистриравме во 2017 година. Првичната идеја околу формирањето на ЦБИ беше да изградиме една платформа за истражување на безбедносните појави, која ќе обедини на едно место практичари и теоретичари од доменот на безбедноста и одбраната, и која ќе го пополни вакуумот во граѓанскиот сектор кога се во прашање конкретно безбедноста и одбраната.

САРИСА: Дали успеавте во Вашата замисла и каква е моменталната состојба во ЦБИ?

ЈЈ: Јас овде ќе дадам еден прилично нескромен одговор и ќе кажам дека успеавме во нашата замисла. Доколку се погледне составот на тимот кој е вклучен во ЦБИ, ќе се види дека таму имаме еден микс од луѓе кои оставиле свој печат преку своето работно искуство во разни институции, како на пример АРМ, МВР, ДБКИ, ДЗС и други институции, имаме луѓе кои доаѓаат од академската сфера, а успеавме да допреме и до помладите генерации и да анимираме студенти кои студираат на студиски програми кои се поврзани со одбраната и безбедноста.

(more…)

Јавна расправа по предлог законот за следење на комуникацииЈавна расправа по предлог законот за следење на комуникации

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев, учествуваше на Јавната расправа по предлог законите за следење на комуникации и за Оперативно-техничката агенција, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Во своето излагање тој се задржа на предложените решенија за користењето на метаподатоците и предолгиот рок за задржување на податоците од страна на телекомуникациските оператори. Тој исто така истакна дека е потребно да се направат уште интервенции во предлог законите, со цел законските решенија да не навлегуваат во приватноста и човековите права на граѓаните.

ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“

Денес ја одржавме онлајн работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“. Настанот беше организиран во соработка со Шведската Алумни Мрежа за Западен Балкан (SANWB), а со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).

Дел од настанот беа претставници од дипломатските мисии во Македонија, претставници од меѓународни организации, претставници од национални и регионални алумни организации на Шведскиот Институт, претставници од медиумите, академскиот сектор и невладиниот сектор.