Center for Security Research Настани ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“

ЦБИ ја организираше работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“

Денес ја одржавме онлајн работилницата „Опасностите од пропагандата и дезинформациите во денешниот свет“. Настанот беше организиран во соработка со Шведската Алумни Мрежа за Западен Балкан (SANWB), а со поддршка од Шведскиот Институт (Swedish Institute).

Дел од настанот беа претставници од дипломатските мисии во Македонија, претставници од меѓународни организации, претставници од национални и регионални алумни организации на Шведскиот Институт, претставници од медиумите, академскиот сектор и невладиниот сектор.

Related Post

Положување цвеќе во ЛешокПоложување цвеќе во Лешок

Делегација на Center for security research/Центар за безбедносни истражувања, во село Лешок положи свежо цвеќе на споменикот на Ѓоко Лазарески, кој во 2001-та година загина бранејќи ги своите најблиски, своите соселани, Лешок и Лешочкиот манастир.

ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!