ЦБИ ја одржа работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”

Центарот за безбедносни истражувања вчера ја организираше работилницата насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која се одржа во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата се осврна на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

По отворањето на работилницата од страна на модераторката г-ца Драгана Каловска и нејзините воведни зборови и кратко претставување на темата и говорниците, започна работниот дел на настанот. Првиот говорник, директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев зборуваше за искуството на Република Македонија со повратниците од боиштата во Сирија и се осврна на неколку случаи каде беа уапсени токму повратници за планирање на терористички акти.

По излагањето на директорот, следен говорник беше специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Тој имаше одличен осврт на безбедносниот и социјален предизвик кој го претставуваат децата повратници од боиштата и зборуваше како да се спречи тие деца да станат безбедносен ризик еден ден. Тој наведе неколку примери како овој проблем се третира во други држави, а даде и кратка анализа за случувањата на Блискиот Исток.

Настанот обедини голем број учесници кои земаа активно учество во дискусијата, а значително беше присуството на претставници на дипломатските мисии во РМ, меѓународните институции, други невладини организации, но и учеството на претставници од European Peacebuilding Liaison Office (EPLO), Institut za sigurnosne politike од Хрватска, EU Radicalization Awareness Network (RAN) и други, со што настанот доби и меѓународна димензија.

Подолу можете да го најдете и линкот за следење на снимката од настанот:

Трибина на ЦБИ во Ново Село на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“Трибина на ЦБИ во Ново Село на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во заедниците“



FacebookTweetEmailPrint На 8ми јули, Центарот за Безбедносни истражувања (ЦБИ) во Домот на културата во општина Ново Село одржа трибина на тема „Влијанието на масовното производство на канабис врз криминалитетот во

ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC1ЦБИ го одржа семинарот за приватна безбедност P-SEC1



FacebookTweetEmailPrint Денес во организација на #ЦБИ и клубот The Strongest Aerodrom се одржа семинарот P-SEC1, во кој беше опфатена обука на учесниците во делот на заштита на лица, блиска борба

Соработка со Националната Конвенција за ЕУ во РМСоработка со Националната Конвенција за ЕУ во РМ



FacebookTweetEmailPrint Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше со свое обраќање на настанот “Чекајќи го ФРОНТЕКС”, во организација на Националната Конвенција за ЕУ во Република Македонија, каде имав и