Center for Security Research Настани ЦБИ ја одржа работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”

ЦБИ ја одржа работилницата „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци”

Центарот за безбедносни истражувања вчера ја организираше работилницата насловена „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, која се одржа во комбиниран (онлајн/со физичко присуство) формат. Работилницата се осврна на искуствата на државите од Југоисточна Европа и нивните решенија за справување со борците повратници од боиштата од Ирак и Сирија, кои заминаа од своите матични држави за да се придружат на терористичката организација ИСИС. Голем дел од тие лица денес веќе се вратени во своите држави и потребно е да се направи една анализа и истражување дали тие лица претставуваат безбедносен ризик.

По отворањето на работилницата од страна на модераторката г-ца Драгана Каловска и нејзините воведни зборови и кратко претставување на темата и говорниците, започна работниот дел на настанот. Првиот говорник, директорот на ЦБИ, д-р Алексанадар Нацев зборуваше за искуството на Република Македонија со повратниците од боиштата во Сирија и се осврна на неколку случаи каде беа уапсени токму повратници за планирање на терористички акти.

По излагањето на директорот, следен говорник беше специјалниот советник за противтероризам во ЦБИ, г-дин Раби Седрак. Тој имаше одличен осврт на безбедносниот и социјален предизвик кој го претставуваат децата повратници од боиштата и зборуваше како да се спречи тие деца да станат безбедносен ризик еден ден. Тој наведе неколку примери како овој проблем се третира во други држави, а даде и кратка анализа за случувањата на Блискиот Исток.

Настанот обедини голем број учесници кои земаа активно учество во дискусијата, а значително беше присуството на претставници на дипломатските мисии во РМ, меѓународните институции, други невладини организации, но и учеството на претставници од European Peacebuilding Liaison Office (EPLO), Institut za sigurnosne politike од Хрватска, EU Radicalization Awareness Network (RAN) и други, со што настанот доби и меѓународна димензија.

Подолу можете да го најдете и линкот за следење на снимката од настанот:

Related Post

Работилница за превенција од насилен екстремизамРаботилница за превенција од насилен екстремизам

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања земаа учество на Работилницата за размена на искуства и градење заедница на практичари во областа на превенцијата од насилен екстремизам

Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“Настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“

Центарот за безбедносни истражувања организираше настан на тема “Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“.

На настанот свои излагања имаа Извршниот Директор на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев, кој се осврна на асиметричните методи на влијание во изборниот процес и г-дин Раби В. Седрак, специјален советник за антитероризам во ЦБИ, кој зборуваше за терористичките закани, стратегии и тактики преку анализа на научени лекции од Блискиот Исток.

На настанот присуствува голем број на претставници на странски мисии и меѓународни организации, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари.

(more…)

Работилница “Како функционира Европа”Работилница “Како функционира Европа”

Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше на настанот “Како функционира Европа” во организација на Роберт Шуман Институтот, со поддршка на Австриската Народна Партија и Вилфред Мартенс Центарот за Европски Студии.