Center for Security Research Настани ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!

Related Post

ЦБИ на Warsaw Euro-Atlantic Summer Academy 2020ЦБИ на Warsaw Euro-Atlantic Summer Academy 2020

Од 3 до 10 Јули, раководителот на нашиот Сектор за полициски истражувања м-р Оливер Ристески, учествуваше на Варшавската евроатланска летна академија 2020, програма која се одржува со поддршка на Европската комисија, Фондацијата Liderzy Przemian, Колеџот на Европа во Натолин, Германскиот маршал фонд од САД и Fulbright Poland. Беа опфатени следните теми:


– Дигитален трансатлански спор-се однесува на законската регулатива разлика ЕУ и САД
– Уредување на социјални медиуми, големи технологии & алгоритми за радикализација
– Геолокација и отворени извори за истраги
– Истражувачко новинарство
– Дезинформации
– Безбедност при избори
– Дигитална безбедност
– Социјални медиуми

Учество на Научно-стручна дебатаУчество на Научно-стручна дебата

Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.

Гостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на утринската програма на телевизија Алфа

Директорот на ЦБИ, д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на ТВ Алфа, во која зборуваше за најновото рангирање на светските армиии на Global Firepower, за АРМ, за одбраната и за скандалот со НАТО безбедносните сертификати.

Можете да го погледнете целото интервју на следниов линк: