Center for Security Research Настани Интервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвици

Интервју на д-р Александар Нацев за порталот „САРИСА“: ЦБИ е авангарда во истражувањето на безбедносните и одбранбените предизвици

д-р Александар Нацев

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања даде свое интервју за веб порталот „Сариса“, во кое зборуваше за функционирањето на ЦБИ, кадровската екипираност на ЦБИ, и за идните планови на организацијата. Подолу можете да го прочитате целото интервју.

Разговараме со доц. д-р Александар Нацев, Извршен Директор на Центарот за безбедносни истражувања и универзитетски професор

САРИСА: Која е функцијата на Вашата организација и полето на дејствување?

АН: Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) е непрофитна, невладина организација, формирана во 2017 година, која е посветена на помагањето на поединци и институции, со цел разбирање и справување со безбедносните предизвици кои ги носи денешното современо општество. Преку внимателни анализи и кредибилни истражувања, ЦБИ предлага решенија за конвенционалните и асиметричните безбедносни закани со кои се справуваат државните институции и кои претставуваат закана за безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

САРИСА: Кои се областите коишто се фокус на истражување на Центарот за безбедносни истражувања?

АН: Некои од современите предизвици со кои се занимава ЦБИ се сајбер безбедноста, влијанието на пропагандата и дезинформациите врз населението, подигнувањето на безбедносната свест кај граѓаните, евалуацијата и менаџирањето на безбедносниот ризик, безбедносниот менаџмент со човечки ресурси, како и неколку други области кои се тесно поврзани со безбедноста. ЦБИ го постигнува ова преку ангажманот на експерти, учеството во проекти (национални, регионални и меѓународни), со поддршка на поединци и институции кои работат на вакви прашања, како и со истражување на начини преку кои може да се разрешат различни безбедносни предизвици.

САРИСА: Како е структурирана Вашата организација и дали постои утврдена организациона структура?

АН: Внатрешната структура на нашата организација е направена согласно полињата на истражување и програмите за работа. Освен управните функции и административните функции кои постојат, имаме и три специјализирани организациони единици, а тоа се Секторот за воени истражувања, Секторот за полициски истражувања и Секторот за стратешки истражувања. Покрај нив, постојат и две специјализирани програми, а тоа се Програмата за против тероризам и Програмата за асиметрични безбедносни закани.

САРИСА: Кажете ни малку повеќе за лицата кои се во тимот на Центарот за безбедносни истражувања, и какви се нивните профили?

АН: Доколку ја погледнете композицијата на нашиот тим и биографиите на нашите претставници, ќе забележите дека располагаме со еден микс од научни истражувачи и безбедносни практичари, што ни дава еден компактен пристап при наоѓањето одговори и нудењето решенија со современите безбедносни предизвици. Кумулативно, нашиот тим може да се пофали со преку 150 години работно искуство во полето на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. Нашите експерти имаат завршено специјализирани курсеви во САД, Кина, Германија, Холандија, Израел, Блискиот Исток, како и во најдобрите образовни центри на НАТО и ЕУ. Освен ова, дел од нив се со големо борбено искуство во Ирак и Авганистан, како припадници на АРМ или на приватни безбедносни компании, за што имаат добиено и одликувања од нашиот Генералштаб и од НАТО.

САРИСА: Дали имате соработка со сродни институции на национално и на меѓународно ниво?

АН: Последниот период интензивно работиме на зајакнување на регионалната и меѓународната соработка. Остваривме неколку состаноци со наши партнерски институции, како на пример Бегин-Садат Центарот за стратешки истражувања од Израел, со NATO Defense College Foundation од Италија и други партнери, при што воспоставивме соработка во доменот на научните истражувања, заеднички проекти, а кога ќе помине корона кризата, и за организација на заеднички настани.

САРИСА: Дали организирате настани или коференции, имајќи ја предвид кризата со COVID19 во минатиот период?

АН: Последната година бевме приморани поголем дел од активностите да ги организираме онлајн. Последен настан со физичко присуство беше настанот со наслов  „Дискусија за европските безбедносни предизвици и закани“, кој се одржа во месец октомври 2020 година, на кој присуствува голем број на претставници на странски мисии и меѓународни организации, колеги истражувачи од сродни организации од Блискиот Исток и домашни безбедносни експерти и практичари. Она што е пред нас, е организацијата на настанот „Практики и искуства во реинтеграцијата на странски борци“, кој ќе се одржи на 23ти февруари, во Скопје, и ќе биде во комбиниран формат (онлајн на ZOOM/со физичко присуство). Засега имаме потврдено голем број на учесници од земјата и од странство, затоа што се работи за многу актуелна и безбедносно интересна тема.

САРИСА: Како може да се стане дел од Центарот за безбедносни истражувања и какви луѓе можат да дадат придонес во работата на Центарот?

АН: Ние работиме со широк спектар на експерти, практичари и научни работници, чиишто истражувачки интереси се во полето на одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. Исто така, многу важен елемент во нашата работа е работата со студенти кои студираат на високообразовните институции кои се занимаваат со изучување на погоре наведените области. Во оваа прилика, сакам да ги охрабрам и да ги повикам сите заинтересирани лица кои сакаат да остварат соработка со ЦБИ, да не контактираат преку контакт формата на нашата веб страна www.csr.mk, и да започнеме плодна и долготрајна соработка. На крај, ги поканувам сите заинтересирани за теми за тероризам и противтероризам, да го проследат онлајн нашиот следен настан, кој ќе се одржи на 23ти февруари.

САРИСА: Г-дине Нацев, Ви благодариме што одвоивте време за ова интервју.

It usually only causes mild pain, redness and swelling. Third-degree burns involve damage to all layers of the skin, while fourth-degree burns could affect joints and bones. Third- and fourth-degree burns are considered medical emergencies and should only be treated in a hospital. newzealandrx.com Mild burns usually take about a week or two to heal completely and usually leave no scars.

Control of each product. Come on. The outbreak of the infection began early in December of and has continued to spread out. online casino Individuals who were the very first ones to end up being infected were all linked to the South China Seafood Wholesale Market which has actually been closed ever since.

Related Post

Онлајн состанок со „Бегин-Садат Центарот за стратешки студии“ од ИзраелОнлајн состанок со „Бегин-Садат Центарот за стратешки студии“ од Израел

Центарот за безбедносни истражувања ја започна соработката со еден од своите меѓународни партнери, водечкиот израелски институт за безбедносни истражувања „Бегин-Садат центар за стратешки студии” кој е во состав на Универзитетот Бар Илан од Израел. На денешниот онлајн состанок ги поставивме основите за понатамошна заедничка работа и ги дефиниравме областите од заеднички истражувачки интерес за двете организации.

Учество на Научно-стручна дебатаУчество на Научно-стручна дебата

Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.

Гостување на директорот Нацев во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа ТВГостување на директорот Нацев во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц д-р Александар Нацев, гостуваше во емисијата „Што не е јасно?“ на АЛФА ТВ. Тема на гостувањето беа последните безбедносни скандали, реформите во безбедносно-разузнавачката заедница и состојбите во Армијата на Република Македонија. Директорот Нацев потенцираше дека потребно е дополнително да се работи на зајакнување и модернизирање на ситемот за кризен менаџмент, и да се градат сопствени капацитети во доменот на одбраната, со цел да бидеме рамноправен партнер со останатите сојузници во НАТО.

Целото гостување можете да го погледнете на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=oRrtjjgiS74