Center for Security Research Колумни Изборни стратегии и изборен менаџмент

Изборни стратегии и изборен менаџмент

Мартин Стојановски

Изборите се процес преку кој народот (односно гласачите) им го доверуваат извршувањето на политичка власт на политичарите и ги овластуваат политичарите да управуваат со државата во нивно име. Токму затоа, слободно може да се каже дека изборите се извор и темел на легитимитетот на целокупниот систем на државна власт. Заради тоа, политичките партии или независните кандидати кои се учесници во еден процес, мораат одлично да го познаваат овој процес, да имаат развиено уникатни методологии и стратегии, и да имаат детално разработени планови и сценарија како да ја остварат својата зацртана цел, а тоа е да убедат колку што може повеќе гласачи дека програмата која ја нудат е вистинската и дека е во нивен интерес да им го дадат својот глас токму на нив. Или накратко кажано, да имаат соодветна изборна стратегија и да имаат добар изборен менаџмент во својата изборна кампања.

Современите изборни кампањи се многу комплексни друштвени и комуникациски процеси, кои методолошки се одвиваат на релација помеѓу три клучни актери кои се основните столбови на изборните кампањи и политичката комуникација: политичките кандидати, јавноста (гласачите) и медиумите. Разбирањето на соодносот и пронаоѓањето на балансот помеѓу овие три актери треба да биде главната задача при изработката на изборната стратегија и изборот на соодветната методологија. Денешните политички кандидати се соочуваат со многу голем број предизвици кои мораат да ги совладаат, доколку сакаат да добијат кредибилитет пред јавноста и пред медиумите, како на пример: одлично владеење на политичкиот дискурс, да поседуваат вештини за користење на комуникациски алатки, мораат физички да се добро подготвени, постојано да се концентрирани и уште низа други работи. Од друга страна, гласачите стануваат сè поискусни и поинформирани, и за старите концепти на кажување на она што сакаат да го слушнат или обидите за блефирање на гласачите веќе нема место со современото политичко дејствување. Третиот важен актер во изборниот циклус, медиумите, се исто така огромен залак за секој политички кандидат, бидејќи нивната бројка постојано расте, нивното влијание се зголемува и се многу важни како креатори и обликувачи на јавното мислење. Пронаоѓањето на вистинската комуникациска стратегија е есенцијален елемент во изготвувањето на изборната стратегија, затоа што медиумите се филтерот низ кој се интерпретираат, анализираат и проверуваат зборовите на политичките кандидати.

Помина времето кога на политичарите им беше доволно само да одат и да се насмевнуваат опкружени со цела армија советници, кои се задолжени нивниот „шеф“ да изгледа паметно. Денешните современи политичари, барем оние кои сакаат да остават значаен белег во општеството и да бидат запаметени по одлични резултати, мора да бидат одлично технолошки едуцирани, да ги познаваат современите комуникациски стратегии, да имаат познавање од голем број области и да го познаваат својот електорат. Ако ги немаат овие карактеристики, јавноста лесно ќе препознае дека овие лица се само форма без суштина, и нивната политичка кариера ќе трае многу кратко. А ниту граѓаните, ниту државата не заслужуваат некомпетентни кадри да управуваат со нив, туку напротив, оние коишто ја управуваат државата треба да бидат најдобрите, најодговорните и најсмелите.

Related Post

Користење на отворени извори на податоциКористење на отворени извори на податоци

Јане Јанчески

Прибирањето податоци од јавни или отворени извори стана еден од методите кои се широко користени во денешната работа на новинарските агенции, детективските агенции, компаниите кои работат приватно разузнавање, но и органите на државната управа кои се занимаваат со безбедносно-разузнавачка работа. Овој метод на прибирање податоци е само еден дел од арсеналот на погоре споменатите ентитети, но слободно може да се каже дека е и еден од најекономичните и најмногу користени, и во кохезија со другите методи на прибирање податоци може да не однесе кон комплетирање на сликата за нашиот предмет на интерес.

(more…)

Анализа на Раби Седрак: Како проширувањето на ИСИС во Африка ја поткопува безбедноста на ЕвропаАнализа на Раби Седрак: Како проширувањето на ИСИС во Африка ја поткопува безбедноста на Европа

Раби Седрак

Очигледно е дека западните приоди за борба против тероризмот се покажаа како неефикасни, бидејќи тие се фокусираа на безбедноста и војската а не на иницијативи на мир и одржлив развој. По многу години војни на присилување, бомбардирања и специјални операции предводени од САД во Авганистан, Ирак и Сирија, САД објави повлекување на своите сили назад во САД, без никакви индикации или намери да пренесат некои од нив во Африка. Франција, која е главната западна моќ во регионот на Африка “Сахел” од 2013 година, беше разочарана од многу загуби, особено од загубата на француската јавна поддршка за воените операции на африканското копно. Претседателот Емануел Макрон ги објави плановите за повлекување на повеќе од 5.000 војници од Мали, велејќи: „Време е да го преструктуираме француското воено присуство во регионот“.

(more…)

Анализа на Раби Седрак – „Турција и Русија .. Централна Азија после Авганистан?“Анализа на Раби Седрак – „Турција и Русија .. Централна Азија после Авганистан?“

Раби Седрак

Анкара смета дека повлекувањето на САД од Авганистан е една драгоцената можност за да се влезе во оваа земја што се граничи со различни централноазиските републики кои имаат некаков турско/отоманско потекло.

Со пристапот кон целосно повлекување на Американците од Авганистан, конкуренцијата се интензивираше меѓу Турција, Русија, Иран и другите земји, со цел да се добијат повеќе позиции, не само во Авганистан, туку и во Централна Азија; Бидејќи движењето „Талибанци“ контролира повеќе области, а авганистанските сили масовно бегаат, рускиот претседател Владимир Путин му се јави на претседателот на Таџикистан, Емам Али Рахман и го увери во поддршката на неговата земја за можните случувања во авганистанската криза , откако илјадници авганистански војници побараа засолниште во Таџикистан.

(more…)