Center for Security Research Настани Делегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Денеска, 4 февруари, се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста.

По тој повод, делегација на Центарот за безбедносни истражувања, предводена од Советникот за надворешни односи и соработка, г-дин Мартин Стојановски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Со овој чин, ЦБИ им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Related Post

Состанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од УнгаријаСостанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија

Денес претставници од Центарот за безбедносни истражувања остварија онлајн состанок со претставници од унгарскиот Институт за стратешки и одбранбени студии, кој е дел од Националниот Универзитет за јавна служба и унгарското Министерство за одбрана. На состанокот се утврди идниот опсег на работа и заеднички настани, а беа дефинирани и конкретните заеднички области за истражување и соработка.

Учество на конференцијаУчество на конференција

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, д-р Александар Нацев учествуваше со свој труд на Четвртата меѓународна научна и стручна конференција, организирана од Асоцијацијата за корпоративна безбедност.

Положување цвеќе во ЛешокПоложување цвеќе во Лешок

Делегација на Center for security research/Центар за безбедносни истражувања, во село Лешок положи свежо цвеќе на споменикот на Ѓоко Лазарески, кој во 2001-та година загина бранејќи ги своите најблиски, своите соселани, Лешок и Лешочкиот манастир.