Center for Security Research Настани Учество на Научно-стручна дебата

Учество на Научно-стручна дебата

Претставникот на Центарот за безбедносни истражувања, г-дин Пеце Божиновски, учествуваше на Научно-стручна дебата по повод пакетот предлог законски решенија за следење на комуникации, организирана од Факултетот за безбедност – Скопје.

Related Post

Делегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце ДелчевДелегација на Центарот за безбедносни истражувања положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Денеска, 4 февруари, се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајната личност за формирањето и дефинирањето на современиот македонски идентитет, македонската држава и сѐ што претставува национална посебност, дури и во денешниот свет со изразени глобалистички тенденции на релативизирање на националноста.

По тој повод, делегација на Центарот за безбедносни истражувања, предводена од Советникот за надворешни односи и соработка, г-дин Мартин Стојановски, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Со овој чин, ЦБИ им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!

Соработка со Националната Конвенција за ЕУ во РМСоработка со Националната Конвенција за ЕУ во РМ

Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев учествуваше со свое обраќање на настанот “Чекајќи го ФРОНТЕКС”, во организација на Националната Конвенција за ЕУ во Република Македонија, каде имав и свое обраќање.