Center for Security Research Настани Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)

Директорот Нацев учествуваше на Безбедносниот форум во Варшава (Warsaw Security Forum 2022)

Директорот на #ЦБИ учествуваше на Warsaw Security Forum – Безбедносниот форум во Варшава, кој се одржa во полската престолнина. На форумот учествуваа голем број на државни делегации и претставници на меѓународни организации, и овој форум претставува еден од најголемите безбедносни настани во Европа.

Related Post

Гостување на директорот Нацев на телевизија АлфаГостување на директорот Нацев на телевизија Алфа

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталната безбедносна состојба во државата во контекст на најновите случувања со ветото од Република Бугарија, даде своја анализа на случувањата во доменот на одбраната, а изнесе и своја анализа во однос на терористичките активности во Европа, како и на процесите на дерадикализација и ресоцијализација на борците повратници од Блискиот Исток и Сирија.

Целото гостување можете да го погледнете на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=LR7uo_T6S5U

Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“Гостување на директорот Нацев на „Радио Лидер“

Директорот на Центарот за безбедносни истражувања, доц. д-р Александар Нацев гостуваше во утринската емисија на „Радио Лидер“, во која ги изнесе своите ставови по однос на моменталните односи на релација Република Македонија и НАТО, скандалот со безбедносните сертификати, состојбата во Армијата на Република Македонија, како и работата на Министерството за внатрешни работи.