Center for Security Research Колумни Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“

Колумна на д-р Александар Нацев – „Пропаганда- или битка за срцата и умот на граѓаните“

д-р Александар Нацев

Последниве неколку месеци, како последица на политичките случувања во Република Македонија, многу често се користат термините пропаганда и пропагандна кампања во секојдневните говори на политичарите, во новинарски текстови, во големиот број дебатни емисии, но и во меѓусебните разговори помеѓу обичните граѓани. Ако се погледнат различните контексти во кои се споменува пропагандата во нашето општество, ќе се забележи дека најчесто таа се доживува како негативна појава и како алатка за да се убедат луѓето да постапат во одредена ситуација и да изберат како ќе рационализираат, постапат или го дадат својот глас на одредено гласање. Во друг контекст, пропагандата се гледа како помошна алатка во одредени информативни кампањи кои треба да ја информираат јавноста за одредени аспекти или гледишта.

Во основа, пропагандата претставува организиран метод и систем на ширење на идеи и наративи. Пропаганда е планираната употреба на било која форма на јавна или масовно-произведена комуникација која е дизајнирана со цел да оствари влијание врз разумот и емоциите на дадена група заради специфична цел, било таа цел да е воена, економска или политичка. Па така, секоја активност која има намера ширење на ставови и принципи преку пишан, печатен или сликовит медиум, директно или преку импликација и која е дизајнирана со цел да влијае врз луѓето да поверуваат во она што пропагаторот го пропагира претставува пропагандна активност.

            Бидејќи пропагандата е намерен и систематски обид да се обликуваат перцепциите, да се манипулира расудувањето и да се насочи однесувањето, постојат различи типови на пропаганда според нивото на нејзината транспарентност. Имено, се разликуваат два типа на пропаганда според транспарентноста, а тоа се отворена и затворена пропаганда. Отворена пропаганда се врши во услови при кои идентитетот и интересите на пропагаторот им се познати на целната група, кога на пример пропагаторот е одредена политичка партија или невладина организација (за заштита на животна средина и слично), а целната група се граѓаните од кои се бара одредена поддршка. Затворена пропаганда има во услови кога пропагаторот е непознат или прикриен, како на пример во преноси од тајни радио станици под тајно име или преку конспиративни групи.

            Исто така, пропагандата може да се подели и според изворот. Бидејќи пропагандата е  систематска форма на намерно убедување кое се обидува да оствари влијание врз емоциите, ставовите, размислувањата и активностите на специфични целни групи, многу е важно како ќе се одреди изворот на таа пропаганда. Па така, постојат три вида на пропаганда според изворот: бела пропаганда која потекнува од познат извор, сива пропаганда во која изворот не е јасно идентификуван и црна пропаганда, која пробува да го сокрие изворот на тој начин што ја насочува целната група дека оној извор кој го гледаат е вистинскиот (а всушност не е, туку е само параван за вистинскиот).

            За крај, збор два и за главните карактеристики на пропагандата, за да може граѓаните полесно да ги идентификуваат типовите на пропаганда кои погоре беа споменати. Пропагандата и пропагандните кампањи се одликуваат со користење на делумни или селектирани информации, кои се насочени да влијаат повеќе на емоциите, отколку да интелектот (разумот). Во зависност од потребата, може да се користи за маркетинг, односи со јавност, политички маркетинг, кампања за информации од јавен карактер, и исто така, во зависност од потребата, може да биде позитивна или негативна.

Related Post

За стратегијата и политичкиот интелектЗа стратегијата и политичкиот интелект

Александар Нацев

Современото политичко дејствување мора да се прилагоди на начините на функционирање на современите општества и интерните динамики на тие општества, со цел да одговори на променливите предизвици кои се поставуваат пред секоја организирана политичка групација (политичка партија, политичко движење и сл.). Оваа теза веќе нашироко се апсолвира во најсилните светски држави и детално се разработува, за што сведочи и појавата на терминот политичко војување (political warfare). Самиот овој термин претставува продолжување на низата на класификација на различните видови на водење војна, која се води во различни домени (хибридно војување, асиметрично војување, специјално војување, сајбер војување, психолошко војување итн.) и има симболично значење кое укажува дека политиката е всушност едно широко бојно поле, на кое треба да се војува со противникот со сите достапни методи и со користење на сите тактики и техники, за да се постигне конечната цел. Па така, политичкото дејствување (војување) мора да биде методолошки осмислено, добро испланирано и дициплинирано извршено. Тоа значи дека политичката партија (која војува) мора да поседува ресурси и капацитети кои ќе ги спроведат плановите и тактиките, на начин кој е најмалку ризичен, најекономичен и реално остварлив.

(more…)

Изборни стратегии и изборен менаџментИзборни стратегии и изборен менаџмент

Мартин Стојановски

Изборите се процес преку кој народот (односно гласачите) им го доверуваат извршувањето на политичка власт на политичарите и ги овластуваат политичарите да управуваат со државата во нивно име. Токму затоа, слободно може да се каже дека изборите се извор и темел на легитимитетот на целокупниот систем на државна власт. Заради тоа, политичките партии или независните кандидати кои се учесници во еден процес, мораат одлично да го познаваат овој процес, да имаат развиено уникатни методологии и стратегии, и да имаат детално разработени планови и сценарија како да ја остварат својата зацртана цел, а тоа е да убедат колку што може повеќе гласачи дека програмата која ја нудат е вистинската и дека е во нивен интерес да им го дадат својот глас токму на нив. Или накратко кажано, да имаат соодветна изборна стратегија и да имаат добар изборен менаџмент во својата изборна кампања.

(more…)

Анализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на БалканотАнализа на Раби Седрак: Неуспехот на турската надворешна политика ја ослабна нејзината позиција во Европа и особено на Балканот

Турската влада ги исцрпи сите алатки на нејзината надворешна политика и ја продлабочи зависноста на земјата од западните сили. Турција не беше во можност да ја искористи глобалната трансформација, која најавува постоење на различни нови играчи. Наместо тоа, таа стана, економски и стратешки позависна од Западот, а особено од САД.

Турција периодов ја изгуби својата шанса за стратешка автономија, а исто така ја изгуби можноста за поголемо влијание и наметнување на своето гледиште во регионот. Турција доживеа противречности во нејзината надворешна политика, за прв пат во нејзината историја, особено во последните десет години. Партијата за правда и развој му претстави на светот контрадикторна слика за нејзината најавена надворешна политика. Ги изгуби пријателите кои ја обвинија за тиранија и експанзија, се дистанцираше самата од сојузниците и соочена со соседите, Турција стана дел од скоро сите кризи на Блискиот исток.

(more…)