Center for Security Research Настани Состанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија

Состанок на ЦБИ со Институтот за стратешки и одбранбени студии од Унгарија

Денес претставници од Центарот за безбедносни истражувања остварија онлајн состанок со претставници од унгарскиот Институт за стратешки и одбранбени студии, кој е дел од Националниот Универзитет за јавна служба и унгарското Министерство за одбрана. На состанокот се утврди идниот опсег на работа и заеднички настани, а беа дефинирани и конкретните заеднички области за истражување и соработка.

Related Post

Собраниска дебата за Законот за АРСобраниска дебата за Законот за АР

Претставници на Центарот за безбедносни истражувања учествуваа на Јавната расправа по предлог законот за Агенцијата за разузнавање, организирана од Комисијата за одбрана и безбедност при Собранието на Република Македонија. Директорот на ЦБИ, доц. д-р Александар Нацев имаше и свое обраќање во кое направи анализа на одредени одредби кои се предвидуваат во законот.

ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“ЦБИ на „НАТО Академијата 2020“

Денес Тамара Митковска, која е дел од тимот на Центарот за безбедносни истражувања, присуствуваше на „НАТО Академијата 2020“, како учесник во оваа Академија. Предавањето беше одржано од страна на полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, кој зборуваше на теми поврзани со структурата на НАТО, политиките, операциите и донесувањето одлуки во рамки на НАТО, а се осврна и на членството на Македонија во НАТО. Инаку на оваа НАТО Академија учествуваат 45 студенти и млади професионалци од земјата и странство!

Делегација на ЦБИ оствари работна посета на БриселДелегација на ЦБИ оствари работна посета на Брисел

Делегација на ЦБИ во периодот од 7ми до 11ти февруари 2022ра година, оствари работна посета на Брисел. При посетата, беа остварени средби и состаноци со претставници на Европската служба за надворешно дејствување, Европската одбранбена агенција, Европскиот одбранбен и безбедносен колеџ, како и со неколку европратеници.