Прекршувањата на правилата и споровите меѓу луѓето секогаш постоеле и ќе постојат, а судот е органот што одлучува за правдата во такви ситуации. Судот е институција која според принципот на поделба на власта, ја извршува судската власт. По својата природа на делување, секојдневно се наоѓа во ситуација да прима и услужи голема фреквенција на странки, вклучувајќи престапници и сторители на потешки кривични дела. Со цел заштита на имотот, редот и мирот, како и животите на сите присутни, е воведена посебна служба која се грижи за целокупната безбедност, наречена судска полиција.
Во категоријата на безбедносните закани и ризици на судовите се сметаат вандалско оштетување на имотот, кражби и напад, заплашување на сведоци, безбедност на затвореници, напад насочен директно против судии заради нивните позиции, сигурноста на останатите странки во постапките, какао и прекин на судските постапки од учесниците. Против овие безбедносни ризици, судската полиција своите работни задачи и должности непрекинато ги извршува врз основа на правните нормативи првично од Законот за судови, а потоа и Законот за судска служба.
Но, со овој текст не би сакал да ја образложувам законската регулатива, туку реалната, стварна функција на оваа служба. Како едни од групата на објекти од витално и стратешко значење за државата и правниот поредок, се судовите. Во таа институционална рамка, дел од работниот кадар се и судиите, кои што носат титула на функционери и уживаат имунитет. Покрај другото, за нивната безбедност се грижи судската полиција. Од тука произлегува и најголемата одговорност на оваа служба.
Во литературата често пати го среќаваме поимот безбедносна проценка, која што се изготвува со цел, нормално функционирање на органите кои вршат безбедносни функции. Токму врз нејзина основа се креира и функционира безбедносната политика, на оној за кого е наменета. Конкретно во нашиот случај безбедносната проценка е од витално значење за оваа служба, која за жал не е доволно имплементирна во реалност.
Зошто е тоа така? – Во пракса постојат судови со сто и повеќе вработени од кои 15 до 20 се судии – функционери, а нив ги обезбедуваат 5 до 7 судски полицајци, кои работат во смени со 24 часовно обезбедување на судот. Притоа од нив дел треба да ги покрие влезовите, дел тековните судски процеси и дел во приправност.
Токму заради оваа состојба на моменталната ситуација, не можеме да се пофалиме дека обезбедувањето на имотот и животот во судските згради е на задоволително ниво.
Напроти тоа се среќаваме со судови со 30 до 40 вработени, а со исто толкава бројка на судска полиција, односно 5 до 7 судски полицајци, што е целосно спротивно од погорниот пример. Во европските судови на секои тројца вработени следува по еден судски полицаец.
Од друга страна пак, станува збор за униформирана и вооружена формација со вертикална хиерархиска поставеност на раководен, стрешински кадар и судски полицајци. Токму во тој дел би сакал да напоменам дека по принципот на еднаквост, целиот состав треба да биде унифициран, вооружен и опремен согласно предвидената законска регулатива. Но, во реалноста, секоја група од секој суд функционира засебно како да не е дел од таа служба, бидејќи поседува како службено оружје – оружје запленето од кривични дела и различити делови униформи обезбедени преку приватни канали. Сета оваа состојба дава слика дека моралот во оваа служба е на мошне ниско ниво.
Од тука се јавува потреба дека институциите треба да изготват безбедносна проценка која ќе се темели врз реалната состојба, а не врз основа на тесктовите низ законите.
Принципот “copy – paste” треба целосно да се елиминира за да може да се тргне епитетот “необезбедена безбедност” на оваа служба и на тој начин да може да се влезе во рамките на европскиот просек за безбедноста на и во судот.
Effet rapide du Spedra et Levitra. Cialis est disponible en doses de 10 mg et de 20 mg. canada casino online Prix boite viagra sildenafil pharmacie a lille USD 2 3.